== Релациски Модел {{{#!html IRSON diagram }}} == Основни табели Основата на моделот се наоѓа во табелите `SPORT` и `SPORT_CATEGORY`, каде што се дефинираат спортовите и нивните категории (на пр. машки/женски, времетраење, правила за бодирање). Секоја категорија припаѓа на точно еден спорт. Географските податоци се моделирани преку `COUNTRY`, `REGION` и нивната поврзувачка табела `COUNTRY_REGION`, што овозможува флексибилно претставување на региони кои може да бидат дел од една или повеќе држави. Табелата `LOCATION` дополнително дефинира конкретна локација каде се извршуваат спортски активности (пример стадион, терен, лизгачки круг и сл.). == Табели за организација Организациската структура е претставена преку `FEDERATION`, која може да биде интернационална (`INTERNATIONAL_FEDERATION`) или национална (`NATIONAL_FEDERATION`). За националните федерации се води евиденција на која држава припаѓаат и во која интернационална федерација членуваат. Дополнително, постојат `NATIONAL_LEAGUE` и `SEASON`, кои овозможуваат организирање на лиги и нивни сезони. Спортските клубови се следат во табелата `SPORT_CLUB` и припаѓаат на национални федерации и држави, а преку `CLUB_FEDERATION` табела се следи нивната припадност на федерации низ времето. Секој клуб може да има повеќе тимови `SPORT_TEAM`, кои учествуваат во сезони преку `SEASON_SPORT_TEAM`. == Табели за луѓе Во основната табелата `PERSON` се чуваат лични податоци име, презиме, датум на раѓање, пол, држава и матичен број. Од ова табела наследуваат табела за спортист, за судија и за тренер. Табела за спортисти `SPORTSPERSON` чува дополнителен податок за спорт категорија. Имаат договори со клубови преку `SPORTSPERSON_CONTRACT`, со дефиниран период и финансиски надоместоци. Табелата за тренери `COACH` води евиденција за која спортска категорија тренираат и во која федерација членуваат. Исто се и поврзани со тимови преку `COACHING_TEAM`, каде се следи во кој период тренираат. Табелата за судии `REFEREE`, исто како за тренери, води евиденција за која спортска категорија може да суди и во која федерација членува. == Табели за натпревар Натпреварите се моделирани преку `COMPETITION` (со тип дефиниран во `COMPETITION_TYPE`) и конкретни дуели `DUEL`. Во табелата за натпревари се води евиденција за тип на натпревар (дефиниран во `COMPETITION_TYPE`), федерација која го организира, сезоната, име, почетен и краен датум. Дуел следи кои тимови учествуваат, на која локација се одвива, која спортска категорија се игра, кога почнал и опционално во кој натпревар припаѓа. Ако нема натпревар (вредноста е `NULL`) претставува пријателски натпревар помеѓу тимовите. Дополнително преку табелата `REFEREEING_DUEL` се следи кои судии судат на која дуел. Учество на играчи од секој тим за секој дуел се следи со табелата `TEAM_ROSTER`, дополнително и временски период на учество. Со табелата `SCORE` за секој играч во секој дуел се следи кога тој играч постигнал поен. == Останато Се чуваат податоци исто така за спонзори со табелата `SPONSOR`. Секој спонзор им уникатно име. Исто така се следи спонзорирање на тим со `SPONSORSHIP` каде се складираат податоци кој тим е спонзориран од кој спонзор, во кој период и сума на исплата. Моменталната структура има дефинирано и неколку процедури, односно функции, и тригери. Функцијата `valid_date_range()` врши валидација на внесен почетен и краен датум. Останатите функции се користат во тригери.