| 1 | = Vision |
| 2 | |
| 3 | == Вовед == |
| 4 | Во денешно време, се поголема е потребата од секојдневни услуги и наоѓање на работа. Целта на овој проект е да изградиме всеопфатна, флексибилна и лесна за користење платформа каде што ќе може да се спојат работодавците со работниците, луѓето кои нудат секојдневни услуги со луѓето кои имаат потреба од истите, фриленсери со клиенти и слично. |
| 5 | [[BR]] |
| 6 | == Позиционирање == |
| 7 | === Проблематика === |
| 8 | ||Проблемот на||недостиг на работници во компании, барање на нова работа, наоѓање на работници за извршување на некакви услуги во домаќинство|| |
| 9 | ||ги засега||компаниите, фриленсерите, градинари, електричари, чистачи, водоинсталатери и сл.|| |
| 10 | ||со последици||потешкотии при наоѓање на работници или работа|| |
| 11 | ||успешно решение би било||платформа каде што сите корисници би можеле да објавуваат огласи или да аплицираат за работа на објавен оглас|| |
| 12 | === Позиционирање === |
| 13 | ||За||Работниците и работодавците|| |
| 14 | ||Кои||имаат потреба да најдат работа или да понудат работа|| |
| 15 | ||Job Nest||е веб платформа|| |
| 16 | ||Која овозможува||брзо и лесно наоѓање на работа, наоѓање на стручни работници за извршување на одредени услуги|| |
| 17 | ||За разлика од||kariera.mk, vrabotuvanje.com.mk|| |
| 18 | ||Job Nest е подобро решение бидејќи||им овозможува на корисниците лесно и безбедно да најдат и да понудат работа|| |
| 19 | == Засегнати == |
| 20 | === Засегнати лица === |
| 21 | ||Име||Опис||Одговорности|| |
| 22 | ||'''Работник'''||Корисник на платформата кој бара работа||Да одговори на работодавец доколку бил исконтактиран преку негов оглас за работа, да остави reveiw за работодавецот по добивање и извршување на работата|| |
| 23 | ||'''Работодавец'''||Компанија или обичен граѓанин кој има потреба од некакви услуги||Да одговори на сите апликанти на огласот за работа и по извршената работа да остави review за работникот |
| 24 | === Корисничка околина === |
| 25 | Веб апликацијата ќе биде достапна преку веб прелистувач на сите уреди (мобилни телефони, десктоп компјутери, лаптоп, таблет) кои имаат пристап до интернет. Истата ќе биде респонсивна и ќе работи на сите платформи. Процесот на пребарување ќе биде бриз и лесен со опција за филтрирање на огласите по индустрија. Ќе биде вклучена и recommended страна за фирми и работници каде што истите ќе можат да најдат поистакнати огласи за своите потреби. |
| 26 | == Преглед == |
| 27 | === Потреби и карактеристики === |
| 28 | ||Потреба||Приоритет||Карактеристики|| |
| 29 | ||Кориснички Профил||Задолжително||Информации за корисникот|| |
| 30 | ||Објавување на оглас||Задолжително||Се пополнува форма за типот на оглас, за која индустрија се работи, колку би било платено за извршената услуга|| |
| 31 | ||Преглед на огласи||Задолжително||Прикажување на огласи според критериумите за филтрирање|| |
| 32 | ||Review||Задолжително||Оценување на работникот/работодавецот вклучувајќи текстуален коментар и оценка 1-5 за извршената работа/условите за работа кои ги понудил работодавецот|| |
| 33 | ||Аплицирање по оглас||Задолжително||Пополнување на форма за пријавување за работа|| |
| 34 | ||Затварање на оглас||Задолжително||По наоѓање на соодветен кандидат, огласот треба да биде затворен од страна на корисникот кој го објавил истиот и да биде тргнат од листата со активни огласи|| |
| 35 | == Други барања == |
| 36 | ||= Барање =||= Приоритет=|| |
| 37 | ||Интернет конекција||Задолжително|| |
| 38 | ||Веб прелистувач||Задолжително|| |
| 39 | ||Електронски уред за пристап до апликацијата||Задолжително|| |