wiki:AboutProject

Version 13 (modified by 231088, 2 weeks ago) ( diff )

--

Дефинирање на проектот - LMB – Live Music Booking System

Членови на тимот

Бојан Пецуровски - 231088 - координатор

Сашко Мишев - 231117

Михаил Насков - 231134

Краток опис на проектот

Нашиот тим работи на развој на платформа за резервирање на музички изведувачи за различни настани. Системот ќе им овозможи на корисниците лесно да пребаруваат и резервираат бендови, соло пејачи или DJ-и за прослави, забави и други настани. Целта на проектот е да се создаде едноставен и ефикасен систем кој ќе го олесни поврзувањето помеѓу клиентите и музичките изведувачи.

Детален опис на проектот

Типови на корисници

  • Клиенти (Users) – лица кои бараат и резервираат музички изведувачи за свои настани.
  • Изведувачи (Artists) – музички групи, соло пејачи или DJ-и кои ги нудат своите услуги преку платформата.

Функционални барања

  • Системот треба да овозможи:
  • Регистрација и најава на корисници
  • Креирање и уредување профил за клиенти и изведувачи
  • Пребарување на изведувачи според:
  • Жанр
  • Локација
  • Цена
  • Достапност
  • Преглед на профили на изведувачи (опис, портфолио, оцени)
  • Испраќање барање за резервација
  • Потврда или одбивање на барања од страна на изведувачите
  • Управување со календар на достапност
  • Оставање оцени и коментари по завршување на настан
  • Преглед на историја на резервации

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

  • Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
    • Администратори на базата – го надгледуваат целиот систем и можат да менаџираат кориснички профили и податоци.
    • Бесплатни Слушатели – секојдневни корисници кои имаат пристап до музиката и можат да си го менаџираат својот профил.
    • Премиум Слушатели - корисници со исти привилегии со бесплатните слушатели, како и дополнителни функционалности овозможени само за нив.
    • Артисти – корисници кои можат да објавуваат музика и истата да биде прикажана на нивниот профил.
    • Администратот на продуцентска куќа - корисници кои имаат пермисија да додаваат песни во името на артисти кои се пријавени во продуцентската куќа.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

  • Слични развиени идеи се Spotify, Apple Music и други, она што е различно за нашето решение е што е бесплатно и отворено.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

  • Се работи за веб апликација.
Note: See TracWiki for help on using the wiki.