| Version 19 (modified by , 2 weeks ago) ( diff ) |
|---|
Дефинирање на проектот - LMB – Live Music Booking System
Членови на тимот
Бојан Пецуровски - 231088 - координатор
Сашко Мишев - 231117
Михаил Насков - 231134
Краток опис на проектот
Проектот претставува развој на модерна веб платформа за резервирање на музички изведувачи, наменета за организирање на различни видови настани како што се приватни прослави, свадби, корпоративни настани, концерти и забави. Основната идеја е да се создаде централизирано место каде што клиентите ќе можат лесно да пронајдат, споредат и резервираат соодветен музички изведувач, додека изведувачите ќе имаат можност да ги понудат своите услуги и да управуваат со своите ангажмани.
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
- Базата на податоци и апликацијата се наменети да бидат управувани од страна на компанија која посредува помеѓу клиенти и музички изведувачи. Таа е одговорна за одржување на системот, управување со корисниците и обезбедување сигурност на податоците, како и за ефикасно управување со резервации и информации за изведувачи.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?
- Овој систем ги адресира проблемите поврзани со традиционалниот начин на пронаоѓање музички изведувачи, кој често е неорганизиран, временски неефикасен и базиран на лични контакти или социјални мрежи. Со воведување на централизирана платформа, се овозможува:
- Полесно и побрзо пронаоѓање на изведувачи
- Подобра споредливост на понуди (цени, жанрови, искуство)
- Намалување на несигурноста преку оценки и коментари
- Подобра организација и следење на резервации
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
- Системот ќе биде користен од различни типови на корисници:
- Клиенти – лица кои организираат настани и имаат потреба од музички изведувачи.
- Изведувачи – бендови, соло артисти и DJ-и кои ги нудат своите услуги.
- Администратори - лица од компанијата кои управуваат со системот, корисниците и содржината.
Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?
- Иако на глобално ниво постојат повеќе платформи за онлајн резервации на музички изведувачи и бендови, во нашата земја нема развиена специјализирана платформа која е фокусирана исклучиво на оваа намена. Постојат одделни решенија за менаџирање на настани или општи системи за резервации, но тие најчесто не се прилагодени за потребите на музичката индустрија и не нудат целосна функционалност за директно поврзување помеѓу клиентите и музичарите.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
- Системот е дизајниран како веб апликација, достапна преку интернет прелистувач, со можност за идно проширување во мобилна апликација.
