| 1 | |
| 2 | == Truck Simulator**** |
| 3 | |
| 4 | |
| 5 | Truck Simulator е апликација за целосно менаџирање на продажба и изнајмување на камиони, како и за одржување на врските со клиентите и вработените. Секој корисник (клиент или вработен) мора да се регистрира со е-пошта, име, презиме, телефонски број, адреса и број на лична карта или патничка исправа (пасош). Потоа, клиентите можат да ги прегледуваат камионите на располагање, да купуваат или изнајмуваат камиони и да оставаат фидбек за услугата. |
| 6 | |
| 7 | Камионите можат да бидат на располагање за продажба или изнајмување, при што за изнајмувањето се дефинираат временски периоди (на пр., дневно, неделно, месечно). Секој вработен има своја сметка на апликацијата и може да ги процесира нарачките на клиентите, да додава нови камиони и да внесува информации за одржување на камионите. |
| 8 | |
| 9 | Секој камион е опишан со детали како модел, година на производство, цена за продажба, цена за изнајмување и статус (дали е достапен, продаден или изнајмен). Исто така, секој камион има историја на одржување, каде се запишуваат сите сервисирања и поправки. |
| 10 | |
| 11 | Клиентите, по завршената услуга, можат да остават фидбек за камионот и услугата, кој вклучува оценка (од 1 до 5 ѕвезди) и коментар. Вработените од одделението за одржување се задолжени за внесување на податоци за сервисирање и поправки, како и за следење на статусот на камионите (дали се активни или неактивни поради одржување). |
| 12 | |
| 13 | Апликацијата овозможува ефикасно менаџирање на процесите на продажба, изнајмување и одржување. |