== Инструкции за стартување на апликацијата == * Најпрво за да може да ја стартувате апликацијата ќе ви биде потребно да имате инсталирано **Java**. * Потоа апликацијата може да се отвори со било кое IDE,меѓутоа се препорачува **IntelliJ IDEA** бидејќи автоматски ќе ги инсталира сите потребни зависности кои што и се потребни на апликацијата за да функционира како што се : 1. Spring Boot 2. PostgreSQL Driver 3. Maven Dependencies кои се вклучени во проектот и потребни за негово извршување * Како трет чекор треба да ја стартувате скриптата која ќе стартува тунел конекција со серверот на кој што е поставен клиентот за комуникација со базата на податоци која што е искористена во оваа апликација.Скриптата ќе биде исто така прикачена во делот на прикачени фајлови. * После успешната конекција со базата како последен чекор треба да ја стартувате апликацијата со кликнување на опцијата **Run** или **Debug**. * Откако апликацијата успешно ќе се стартува, истата ќе биде достапна на адресата ​http://localhost:8080 во вашиот веб прелистувач, каде што ќе ви биде прикажана почетната страна на апликацијата.