5 | 5 | Главниот фокус на апликацијата ќе биде извлекување на корисни статистики од системот, со цел подобро разбирање на навиките и интересите на корисниците. Овие статистики ќе вклучуваат: процентуален удел на жанрови што ги слуша секој корисник, најслушан артист од даден жанр, просечна цена на песна за даден артист. Дополнително, ќе се следи најчесто купуваниот медиумски формат, вкупната потрошена сума на музика по корисник, артистот со најголем број на продадени песни, најпопуларните плејлисти кај сите корисници, просечно времетраење на песните кои ги слуша секој корисник, жанрот со најголема продажба, како и ранг-листа на најактивни купувачи. |