Version 1 (modified by 8 hours ago) ( diff ) | ,
---|
==Краток опис на проектот:== Веб апликација која служи за онлајн продажба и менаџирање на музички записи и албуми од различни изведувачи. Апликацијата овозможува корисниците да пребаруваат песни по жанр, албум, медиумски тип и автор, како и да креираат плејлисти. Главната цел е да се понуди едноставен начин за истражување и купување на музички содржини. Со песните кои ги имаат купено, корисниците ќе можат да креираат и уредуваат сопствени плејлисти.
==Детален опис на проектот:== Апликацијата е наменета за музичка компанија или онлајн продавница за музика, која ќе ја поседува базата на податоци и целата апликација, а истата ќе ја обезбедува како сервис за своите клиенти. Оваа веб апликација ќе овозможи централизирано управување со целата музичка продукција на фирмата. Преку неа ќе се внесуваат, ажурираат и менаџираат сите песни и албуми, со придружни информации како жанр, медиумски формат, цена и автор. Дополнително, системот ќе поддржува пребарување и филтрирање според различни критериуми, што ќе овозможи брз и прецизен пристап до саканите содржини.
За клиентите, системот обезбедува корисничко искуство со можност за онлајн преглед и купување на песни и албуми, по што тие записи стануваат дел од нивната лична дигитална библиотека. Со оваа библиотека, корисниците ќе можат да креираат и уредуваат сопствени плејлисти.
За компанијата, пак, апликацијата нуди напредни функционалности за следење на продажбите, менаџирање на нарачките и анализа на корисничките навики. Ќе постојат статистики за процентуален удел на жанрови кои најмногу се купуваат, најслушан артист од даден жанр, просечна цена на песна по автор, најчесто купуван медиумски формат, како и ранг-листа на најпопуларни плејлисти. Овие информации се од суштинско значење за подобро стратешко планирање, прилагодување на понудата и зголемување на заработката.
Најважната придобивка за компанијата е тоа што преку апликацијата ќе добие дигитална алатка за целосно управување со каталогот и продажбата, додека за корисниците се обезбедува брз, лесен и модерен начин за набавка на музика и создавање персонализирани плејлисти.
==За кого е наменет системот и какви проблеми ќе решава проектот?== Со апликацијата се надминува проблемот на ограничен физички пристап до музички записи и албуми. Вработените ќе имаат централизирана онлајн платформа за креирање плејлисти и нарачки по барање на корисниците. За фирмата, апликацијата ќе ја олесни обработката на нарачки, следењето на продажбите и управувањето со каталогот на песни и албуми. Дополнително, преку статистиките фирмата ќе добива увид во најпродаваните жанрови, автори и формати, што овозможува подобро менаџирање и поголема заработка. Исто како и надзор над вработените.
==Корисници:== Како корисници е замислено да бидат само вработените во компанијата, кои ќе креираат нарачки/плејлсти по барање на корисниците.
==Тип на апликација:== Веб апликација