| 208 | = Индекси = |
| 209 | |
| 210 | За поефикасно извршување на прашалникот **Најпопуларен артист по жанр за корисник** ги креираме следните индекси: |
| 211 | |
| 212 | - invoice(customer_id): Овој индекс е неопходен за брзо спојување (JOIN) на табелите customer и invoice. |
| 213 | |
| 214 | - invoice_line(invoice_id): Овој индекс го забрзува спојувањето на табелите invoice и invoice_line. |
| 215 | |
| 216 | - track(genre_id): Овој индекс е клучен за ефикасно спојување на табелите track и genre. |
| 217 | |
| 218 | - track(album_id): Овој индекс е важен за спојувањето на табелите track и album. |
| 219 | |
| 220 | - album(artist_id): Овој индекс е потребен за брзо спојување на табелите album и artist. |
| 221 | |
| 222 | - genre(genre_id, name): композитен индек - овој индекс ќе ѝ помогне на базата на податоци да го оптимизира делот од барањето што се однесува на GROUP BY. Дополнително, ќе помогне и во спојувањето на табелите track и genre бидејќи го содржи genre_id. |
| 223 | |
| 224 | - artist(artist_id, name): композитен индекс - слично на претходниот, овој индекс ќе ја подобри ефикасноста на GROUP BY операцијата и ќе помогне во спојувањето на табелите album и artist. |
| 225 | |
| 226 | - (g.genre_id, g.name, ar.name): композитен индекс: овој индекс е специјално дизајниран да ја оптимизира GROUP BY операцијата со тоа што ги содржи сите колони по кои се врши групирањето. Со тоа, базата на податоци избегнува скапо сортирање на податоците и може брзо да ги изврши пресметките, што значи побрзо време на одговор. |
| 227 | |