== !Дефинирање на проектот == Членови на тимот ||= Фаза =||='''Име и презиме'''=||='''Индекс'''=||='''Улога'''=|| || Ф0 || Радица Стојкоска || 231049 || Координатор || || Ф1 || Лео Тренчев || 231173 || Член на тимот || || Ф2 || Теодор Трајчев || 231137 || Член на тимот || == Краток опис на проектот Базата на податоци за Majstore ќе содржи структурирани податоци за корисници, мајстори, огласи и понуди. Ќе се чуваат основни информации за корисниците како име, е-пошта, лозинка, улога и локација. За мајсторите ќе има дополнителни податоци како опис, категории на услуги, рејтинг и достапност. Системот ќе вклучува и огласи кои ги креираат корисниците, како и понуди од мајстори со цена и рок за извршување. Проектот претставува веб апликација која овозможува поврзување на луѓе што имаат потреба од услуга со мајстори кои ја нудат таа услуга. Корисниците ќе можат да објавуваат барања, да примаат понуди и да изберат најсоодветен мајстор. По завршување на услугата ќе може да се оставаат оценки и рецензии, со цел поголема доверба во системот. == Детален опис на проектот Majstore е веб апликација која служи како платформа за поврзување на корисници со мајстори од различни занаетчиски области како електричари, водоинсталатери, молери, механичари и слично. Целта на системот е да го поедностави процесот на наоѓање и ангажирање на соодветен мајстор според потребите на корисникот. Платформата е замислена како сервис кој може да го одржува компанија или поединец, а улогата на системот е да посредува помеѓу клиенти кои имаат потреба од услуга и мајстори кои ја нудат таа услуга. На овој начин се овозможува сите понуди да бидат централизирани и полесно достапни. Главниот проблем кој се решава со ова решение е тешкото и често неефикасно наоѓање доверливи мајстори, како и недостатокот на информации за нивниот квалитет и претходно искуство. Преку системот корисниците можат да споредуваат понуди, оценки и рецензии, што овозможува поинформиран избор. Во системот постојат три основни типа на корисници: - Администратори, кои го одржуваат и управуваат системот - Корисници (клиенти), кои објавуваат огласи за потребни услуги - Мајстори, кои аплицираат на огласи и ги нудат своите услуги Иако постојат слични платформи во светот, Majstore е насочен кон поедноставна, локална и лесна употреба, со посебен фокус на транспарентност и брзо поврзување меѓу клиентите и мајсторите. Се работи за веб апликација која има за цел да го модернизира начинот на барање и нудење занаетчиски услуги на локално ниво.