wiki:AboutProject

Version 9 (modified by 231072, 11 days ago) ( diff )

--

Членови на тимот

  • Сандра Дамчева, 231072 - координатор
  • Васко Стојанов, 231210
  • Миле Георгиев, 231158

Краток опис

MarketNET претставува онлајн систем кој овозможува лесно објавување, пребарување и управување со огласи за различни призводи и услуги.

За корисниците кои објавуваат огласи, системот овозможува креирање верифициран профил и избор на платени пакети кои обезбедуваат различни нивоа на видливост на огласите. Се поддржува напредно пребарување со филтри, smart notifications, мапа за локација на огласите и зачувување во favorites. Системот вклучува и chat систем за комуникација, reputation систем со оценки и рецензии, analytics за огласите и опција за достава за побезбедна продажба на купувачи од различни градови.

Со овие функционалности, MarketNЕТ претставува комплетно решение за објавување и пребарување огласи, со фокус на лесно користење, доверба и оптимизирано корисничко искуство.

Детален опис

Со овој проект се развива веб систем, наменет за лесно објавување, пребарување и управување со огласи за различни производи и услуги.

За корисниците кој сакаат да објавуваат огласи, системот вклучува верифицирање со креирање кориснички профил и плаќање одредена сума врз основа на изборот на еден од понудените пакети. Пакетите ќе нудат различни нивоа на видливост на огласите, како обичен оглас, истакнат оглас во одредена категорија или премиум оглас кој ќе биде прикажан и на почетната страна. Ќе биде овозможено плаќање директно преку системот, без потреба од надворешни посредници.

Системот нуди напредно пребарување по категорија, локација, цена, состојба и растојание, како и smart notifications, со кои корисниците добиваат известувања кога ќе се појави оглас според нивните критериуми, на пример „iPhone под 500€ во Скопје“. Огласите можат да се прикажуваат и на map view, а корисниците можат да ги зачуваат во favorites за следење на цена или активности на продавачот.

За подобрено корисничко искуство, MarketNET има reputation систем, каде корисниците можат да оставаат rating (1–5) и review после реална трансакција. Платформата пресметува просечна оценка за секој продавач и оглас, а корисниците можат да добиваат и беджови за различни активности и достигнувања.

Вграден е chat систем за директна комуникација помеѓу корисниците, а имплементирано е и плаќање преку платформата.

Огласувачите, пак, имаат analytics функционалности за да следат колку луѓе го прегледале огласот, колку го зачувале и колку испратиле пораки. Системот исто така поддржува delivery/shipping опција, што овозможува безбедна продажба на купувачи од различни градови.

Прашања

  1. Кои типови корисници ќе имаат пристап?

Во системот ќе постојат неколку типови корисници:

  • Гости (Guest users) – можат да пребаруваат огласи без логирање
  • Регистрирани корисници (Buyers) – можат да пребаруваат, зачувуваат и комуницираат
  • Продавачи (Sellers) – можат да објавуваат и управуваат со огласи
  • Администратори – управуваат со системот, корисници, категории и содржина
  1. По што се разликува вашиот проект од слични решенија?

Од постоечките решенија кои ги има моментално во Македонија, како Pazar3 и Reklama5 се разликува со: *кошничка (cart system) која овозможува додавање и купување повеќе производи од различни продавачи во една нарачка *можност за една заедничка наплата на целата кошничка, при што системот автоматски ги распределува средствата кон соодветните продавачи *автоматизирана обработка на трансакцијата со цел секој продавач да го добие својот дел од плаќањето според купените производи

*имплементација на smart notifications базирани на кориснички филтри (на пр. автоматски известувања за огласи според цена, локација и интереси) *напреден analytics систем за следење на прегледи, зачувувања и интеракции со огласи *интегрирана достава (shipping) опција огранизирана од нас *поддршка за map-based listings, каде огласите можат визуелно да се прикажуваат на мапа

  1. Дали апликацијата ќе биде веб, мобилна и/или десктоп?

Апликацијата е планирана како веб апликација, со можност за проширување во иднина.

Во првата фаза: веб платформа (responsive design)

Во понатамошен развој: мобилна апликација (Android/iOS) за подобро корисничко искуство

Note: See TracWiki for help on using the wiki.