wiki:About

Version 1 (modified by 201094, 2 years ago) ( diff )

--

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби.

Нашиот проект претставува апликација која е наменета за користење на фирма, поконкретно MovieZone кој претставува кино компанија која сака да овозможи резервирање и прегледување на филмовите во неговиот репертоар. Апликацијата во преден план е наменета за олеснување на пристапот на клиентите до кои филмови ги нуди киното, во кој термин, но и едноставна резервација на картите за одбраниот филм. Ова претставува огромен бенефит на самата фирма иако на прв поглед не изгледа така. Клиентите ќе бидат многу по мотивирани да резервираат карти, ако имаат директен пристап до тоа што има на репертоар.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Во денешниот свет, луѓето се научени да имаат директен пристап до се што им се нуди во секој момент. Ако киното не се наоѓа во нивна близина, никој не би сакал да оди само за да провери кои филмови ги има во моментот и да резервира карта и да се врати дома. Секако опцијата да се јават директно, постои, но тоа ги преоптоварува вработените кои имаат и други обврски и не можат да се постојано достапни. Со ова се овозможува целосно да се автоматизира овој процес кој ќе им помогне и на вработените, а најмногу на самите клиенти. Слободните места ќе бидат јасно означени и самата апликација ќе проверува дали е одбраното седиште слободно или не. Задачата која ќе остане на вработените ќе биде само да проверат дали клиентот ја има резервирано картата за дадениот термин. Системот исто така е наменет за менаџирање на сите вработени во компанијата и ќе се чуваат одредени податоци за секој вработен како на пример во кое кино работи, кога се вработил и која е неговата плата.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Овој систем поддржува два типа на корисници и тоа корисник вработен и корисник клиент. Вработените во киното ги прегледуваат направените резервации. Клиентите се оние кои ги користат услугите на системот односно прегледуваат достапни филмови и извршуваат резервации. Вработениот со улога администратор е оној кој менаџира со корисниците и ги внесува новите филмови кои се достапни во киното како и проекциите за истите односно во која кино сала ќе се прикажуваат и слободните термини. Администраторот е исто така задолжен за општата функционалност и конзистентност на самиот систем.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект

Во околината има конкретни решенија за истата идеја. Нашиот проект се издвојува на начин што ги комбинира сите најдобри делови од тие различни решенија во една комплетна целина. Не само што е страна за клиентите, ова е страна и за самата фирма за да и овозможи да менаџира со нејзините вработени. Нешто кое што најверојатно постои, но го немаме видено во нашата околина е опцијата за discount кое при резервирање на картата ќе им овозможи на клиентите да внесат код кој ако постои и е валиден во системот ќе им даде одреден попуст при купувањето на нивната карта. Воедно нашиот систем овозможува организирање на настани во киното со различни тематики, времетраење како и опцијата за повторливи настани. Во овој дел спаѓаат и настани како родендени.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Веб апликација.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.