= Musion == Членови на тимот * Игор Даниловски (координатор) 191273 * Виктор Гавриловиќ 191151 * Бојан Симичиев 191215 == Краток опис на проектот Musion е платформа којашто има за цел да овозможи поврзување на клиенти ( организатори на настани ) со музички артисти. На оваа платформа ќе може да се регистрира секој кој сака да ангажира одреден музички артист. Платформата на брз и едноставен начин ќе овозможи листање на артисти, кои се регистрирале на платформата, со цел организаторот да го најде посакуваниот артист за неговиот слеен настан. Го олсенуваме начинот на водење преговори помеѓу организаторот на настанот и артистите. Покрај тоа артистите како корисници на платформата доколку имаат свој менањер, ќе имаат можност да испратат покана до истиот, за тој да може да раководи со профилот и да менањира со водењето на преговори за одредени настани. == Детален опис на проектот * **За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби** Овој проект е наменет за организатори на настани (не концерти, туку помал вид на настани како прослави, забави, итн.) и музички артисти, овозможуваме организаторите да почнат преговори со артистите со цел одредени артисти да бидат дел од некој настан кој тие го организираат. Базата на податоци и целокупната апликација ќе ја поседува, менаџира и управува оној кој ќе ја креира односно сопственикот и креаторот на оваа платформа. * **Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?** Нудиме брзо и едноставно решение кое има за цел да го олесни процесот на пронаоѓање на артисти за одредени настани. Кога ќе кажеме настани, не мислиме на концерти туку прослави, забави, родендени, журки, свадби, итн. Главниот проблем кој произлегува од организирање на претходно наведените настани е времето кое се губи додека се најде артист, најчесто тоа оди по пат на пријатли (односно кој кого знае) или пак преку Фејсбук/ Инстаграм - па откако ќе се најде, преговорите се водат дали преку телефон, дали преку социјални мрежи и целото тоа е на сите страни.. Она кое што ние како платформа го нудиме е - место за преговори со артисти. Нудиме голем број на артисти од кои што Вие ќе можете да побарате понуда за некој Ваш настан и да ги започнете преговорите. * **Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?** * **Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект** * **Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?** Веб базирана апликација