== Краток опис на проектот == NETIntel претставува систем за мониторинг и анализа на компјутерски мрежи и уреди, наменет за собирање, складирање и преглед на податоци поврзани со перформансите и безбедноста на компјутерските системи. Проектот се состои од клиентска апликација инсталирана на поединечни компјутери и централен сервер кој ги обработува и визуелизира собраните податоци. Клиентската апликација периодично собира информации за искористеноста на системските ресурси (CPU, RAM, диск), активните процеси, мрежните конекции и безбедносните настани (Sysmon или симулирани Sysmon податоци) и ги испраќа до серверот преку мрежна конекција. Серверската апликација ги складира податоците во релациона база на податоци, организирани по логички околини (environments), и овозможува централизирано следење на повеќе уреди преку веб интерфејс. Преку системот може да се добие увид во моменталната состојба на уредите, историјата на перформансите и потенцијалните безбедносни закани. == Детален опис на проектот == === За кого е наменета базата на податоци и проектот === Проектот NETIntel е наменет за поединци, организации и институции кои имаат потреба од централизирано следење и анализа на компјутерски системи во локална или распределена мрежа. Системот може да се користи од: * систем администратори кои управуваат со повеќе компјутери, * компании кои сакаат подобар увид во перформансите и безбедноста на својата инфраструктура, * образовни институции за мониторинг на лабораториски компјутери. Базата на податоци служи како централен репозиториум за сите собрани логови и метрики, овозможувајќи анализа, пребарување и генерирање извештаи. === Какви проблеми во фирмата или организацијата се решаваат со проектот === NETIntel овозможува решавање на следните проблеми: * недостиг на централизирано следење на повеќе уреди, * отежнато откривање на проблеми со перформансите, * задоцнета идентификација на потенцијални безбедносни инциденти, * недостаток на историски податоци за анализа и споредба. Со автоматизираното собирање и обработка на податоци, системот овозможува навремена реакција, подобра стабилност на системите и зголемена безбедност. === Какви видови корисници ќе имаат пристап до системот === Системот предвидува следниве типови корисници: * Администратор – управува со environments, токени за пристап и има целосен увид во сите податоци во системот. * Клиент (компјутер) – автоматски испраќа податоци до серверот преку client апликацијата. * Аналитичар/набљудувач – преку веб интерфејс има пристап за преглед и анализа на податоците и логовите. Проектот е дизајниран со можност за понатамошно проширување, како што се интелигентна анализа на логови (RAG систем), автоматска детекција на аномалии и напредни извештаи.