| | 1 | = Дефинирање на проектот |
| | 2 | |
| | 3 | == Членови на тимот |
| | 4 | |
| | 5 | ||= Име и Презиме ||= Индекс ||= Улога || |
| | 6 | || Катерина Василева || 231067 || Координатор || |
| | 7 | || Тамара Димитрова || 231165 || Член на тимот || |
| | 8 | || Марија Василевска || 231144 || Член на тимот || |
| | 9 | |
| | 10 | == Краток опис на проектот |
| | 11 | |
| | 12 | Преку системот за наоѓање на ментор, студентите можат да се поврзат со професорите на факултетот со цел изработка на проектни задачи, дипломска работа и други проекти. Овој систем овозможува лесно поврзување на студент со ментор преку заеднички интереси, теми, предмет и други критериуми, со лесна комуникација на самиот систем. |
| | 13 | |
| | 14 | == Детален опис на проектот |
| | 15 | |
| | 16 | Најди Ментор е веб апликација која им овозможува на студентите да пребаруваат низ професори на факултетот и да пронајдат соодветен ментор за својот проект, дипломска, пракса и друго. Системот ќе им овозможи да стапат во контакт со менторот и да поднесат барање за контакт, а менторот да ги прифати или одбие барањата на студентите. Има опција за автоматско совпаѓање според предметите кои студентот ги слуша и менторот ги предава, и/или според своите заеднички интереси. Откако ќе стапат во контакт со ментор, студентите можат да пишуваат мислења за менторите, а менторите да изберат дали ќе ги прикажат тие коментари на своите профили. Менторите исто можат да постават и свои предлог теми кои ќе бидат доделени на некои студенти. Има систем за нотификации и пораки преку кои се договара контакт. |
| | 17 | |
| | 18 | '''За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''' |
| | 19 | |
| | 20 | Базата на податоци и апликацијата се наменети за образовни институции како факултети, да бидат користени од студентите, професорите и асистентите на секоја институција. |
| | 21 | |
| | 22 | Универзитетите во Македонија имаат потреба од дигитализирана евиденција на соработката меѓу студентите и професорите, следење на капацитетите на менторите (кој колку студенти менторира) и автоматизација на процесот на доделување теми за дипломски и проектни задачи. Студентите имаат потреба од систем кои ќе им го олесни процесот на наоѓање на ментор и ќе ја олесни комуникацијата меѓу нив и нивните ментори. |
| | 23 | |
| | 24 | '''Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?''' |
| | 25 | |
| | 26 | Системот решава неколку клучни проблеми во рамките на академската заедница: |
| | 27 | |
| | 28 | - Студентите често не знаат кој професор со кои теми се занимава или дали има слободни капацитети за нови студенти. |
| | 29 | - Елиминирање на „загубените“ е-маили и чекањето пред кабинети преку интегриран систем за пораки и известувања. |
| | 30 | - Честопати проектите заглавуваат во одредена фаза; со системот за фази и рокови, и двете страни имаат јасен преглед на статусот. |
| | 31 | - Автоматското совпаѓање помага студентот да го најде најсоодветниот ментор според реални компетенции (предмети и интереси). |
| | 32 | |
| | 33 | '''Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?''' |
| | 34 | |
| | 35 | Апликацијата би ја користеле три главни групи: |
| | 36 | |
| | 37 | - Студенти: Пребаруваат ментори, аплицираат за теми, добиваат задачи и ги следат своите фази на проектот. |
| | 38 | - Ментори: Објавуваат теми, прифаќаат/одбиваат барања, менаџираат консултации и ги водат студентите низ фазите. |
| | 39 | - Администратори (Вработени во студентска служба/ИТ): Имаат увид во целата база, управуваат со корисничките профили, овозможуваат додавање на нови факултети и универзитети. |
| | 40 | |
| | 41 | '''Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?''' |
| | 42 | |
| | 43 | Иако постојат системи како i-Know или Moodle, „Најди Ментор“ се разликува по: |
| | 44 | - Специјализација за менторство: Не е само за оценки или материјали, туку за менаџирање на долгорочен проектен однос. |
| | 45 | - Паметно совпаѓање: Алгоритам кој ги поврзува студентот и менторот врз основа на нивното портфолио и слушани предмети. |
| | 46 | - Социјален елемент: Опцијата за мислења и коментари овозможува транспарентност и градење на репутација на менторите. |
| | 47 | - Менаџмент на фази: Директно внесување на задачи и следење на рокови во самиот систем, што го прави алатка за управување со проекти. |
| | 48 | |
| | 49 | '''Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' |
| | 50 | |
| | 51 | Се работи за веб апликација. Ова е најпрактичното решение за ваков тип на систем бидејќи овозможува лесен пристап од било кој уред (компјутер или мобилен) без потреба од инсталација, а истовремено олеснува управување со комплексна база на податоци во реално време. |