= Бизнис модел = == Цели == Целта на овој систем е да се олесни процесот на избирање на ментор за студентите, така што се зголемува достапноста на информации за професорите-ментори на факултетот и се воведува автоматизиран систем за наогање на најсоодветниот ментор. == Предности == - Интуитивна платформа за лесна комуникација - Овозможува избор на ментор според интереси, предмети, тип на труд, достапност... - Филтрирање според релевантни тагови и автоматски предлози. - Дигитализирана комуникација: целата комуникација поминува преку системот, што овозможува евиденција и следење, но и многу побрз одговор. - Можност за подобрување преку мислења: студентите можат да дадат повратна информација, што создава круг на подобрување и доверба меѓу студентите и професорите. == Ризици == - Ниска активност на ментори: дел од менторите може да не одговараат редовно, да не сакаат да ја користат платформата, или да им треба долго време да се навикнат на системот. - Претерано оптоварување на менторите: Некои ментори може да примаат многу барања. - Злоупотреба на системот за објавување мислења: студенти можат да пишуваат лажни или навредливи коментари, иако се прегледани од менторот. - Неуспешно совпаѓање: студентите може да не најдат ментор кој одговара на нивните интереси. - Неточни или стари информации: Корисниците може да имаат неточни податоци на своите профили, што води до лоши совпаѓања.