= Визија = == 1. Вовед == Оваа веб-апликација е платформа наменета за олеснување на комуникацијата и соработката помеѓу студентите и менторите на ФИНКИ. Преку интуитивен и интерактивен интерфејс, студентите можат да пребаруваат и стапат во контакт со професори според интереси, предмети и достапност, со цел менторирање на проекти, дипломски трудови, пракси итн. == 2. Позиционирање == === 2.1. Дефиниција на проблем === || **Тема на проблем** || Наоѓање на соодветен ментор || || **Кого засега** || Студентите на ФИНКИ || || **Со последици како** || Дилеми при избор на ментор или последици од несоодветен избор || || **Успешно решение би било** || Апликација која им овозможува на студентите да пребаруваат низ професорите според критериуми кои се најважни за нив || === 2.2 Позиција на пазарот === || **За** || Студентите || || **Кои** || Имаат дилеми при наоѓање на ментор за своите проекти, дипломски трудови, пракси и се што бара ментор || || **NajdiMentor** || Е веб апликација || || **Која овозможува** || Брз контакт со ментор според заеднички интереси || || **За разлика од** || Прашување од студент на студент за информации, или бирање на професор кој ни предавал || || **Нашиот продукт** || Нуди пристап до сите важни информации за менторите на факултетот, вклучувајќи и мислења на студентите кои соработувале со нив во минатото || == 3. Опис на засегнати лица == === 3.1 Преглед === ||= Име =||= Опис =||= Одговорности =|| || Студент || Корисник на апликацијата || Пребарување и контактирање на ментори || || Ментор || Корисник на апликацијата || Одржување на свој профил и одговарање на пораки за контакт || || Администратор || Одржувач на веб апликацијата || Одржување на апликацијата || === 3.2 Корисничка околина === Апликацијата ќе биде достапна до сите студенти и професори на факултетот, така што ќе ја пристапат преку својот електронски уред и единствен профил креиран за корисникот. Менторите како и студентите ќе имаат можност да разгледуваат низ ментори на веб апликацијата, но посебно имаат различни улоги. Студенти: Бараат ментор за проект, дипломска, пракса или истражување, и стапуваат во контакт со него. Ментори: Нудат менторска поддршка и одговараат на барањата испратени кон нив. == 4. Преглед на производот == === 4.1 Потреби и карактеристики === ||= Потреба =||= Приоритет =||= Карактеристики=|| || || Регистрација и најава на корисници || Висок || / || || Пребарување низ ментори || Висок || Пребарување според име и презиме на професор || || Филтрирање на ментори || Висок || Филтрирање според предмети, лични интереси, тип на труд, достапност || || Контакт || Висок || Размена на пораки меѓу студент и ментор по воспоставување контакт || || Оцена на ментор || Среден || Пишување лично мислење за одреден ментор и можност да се гледаат мислењата на други студенти || == 5. Други барања == ||= Барање =||= Приоритет =|| || Електронски уред за пристап кон апликацијата || Задолжително || || Пристап до интернет || Задолжително || || Веб прелистуач || Задолжително || || Профил || Задолжително || || Да е студент или професор на факултетот || Задолжително ||