Визија
1. Вовед
Оваа веб-апликација е платформа наменета за олеснување на комуникацијата и соработката помеѓу студентите и менторите на ФИНКИ. Преку интуитивен и интерактивен интерфејс, студентите можат да пребаруваат и стапат во контакт со професори според интереси, предмети и достапност, со цел менторирање на проекти, дипломски трудови, пракси итн.
2. Позиционирање
2.1. Дефиниција на проблем
| Тема на проблем | Наоѓање на соодветен ментор
|
| Кого засега | Студентите на ФИНКИ
|
| Со последици како | Дилеми при избор на ментор или последици од несоодветен избор
|
| Успешно решение би било | Апликација која им овозможува на студентите да пребаруваат низ професорите според критериуми кои се најважни за нив
|
2.2 Позиција на пазарот
| За | Студентите
|
| Кои | Имаат дилеми при наоѓање на ментор за своите проекти, дипломски трудови, пракси и се што бара ментор
|
| NajdiMentor | Е веб апликација
|
| Која овозможува | Брз контакт со ментор според заеднички интереси
|
| За разлика од | Прашување од студент на студент за информации, или бирање на професор кој ни предавал
|
| Нашиот продукт | Нуди пристап до сите важни информации за менторите на факултетот, вклучувајќи и мислења на студентите кои соработувале со нив во минатото
|
3. Опис на засегнати лица
3.1 Преглед
| Име | Опис | Одговорности
|
|---|
| Студент | Корисник на апликацијата | Пребарување и контактирање на ментори
|
| Ментор | Корисник на апликацијата | Одржување на свој профил и одговарање на пораки за контакт
|
| Администратор | Одржувач на веб апликацијата | Одржување на апликацијата
|
3.2 Корисничка околина
Апликацијата ќе биде достапна до сите студенти и професори на факултетот, така што ќе ја пристапат преку својот електронски уред и единствен профил креиран за корисникот. Менторите како и студентите ќе имаат можност да разгледуваат низ ментори на веб апликацијата, но посебно имаат различни улоги.
Студенти: Бараат ментор за проект, дипломска, пракса или истражување, и стапуваат во контакт со него.
Ментори: Нудат менторска поддршка и одговараат на барањата испратени кон нив.
4. Преглед на производот
4.1 Потреби и карактеристики
| Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
|---|
| Регистрација и најава на корисници | Висок | /
|
| Пребарување низ ментори | Висок | Пребарување според име и презиме на професор
|
| Филтрирање на ментори | Висок | Филтрирање според предмети, лични интереси, тип на труд, достапност
|
| Контакт | Висок | Размена на пораки меѓу студент и ментор по воспоставување контакт
|
| Оцена на ментор | Среден | Пишување лично мислење за одреден ментор и можност да се гледаат мислењата на други студенти
|
5. Други барања
| Барање | Приоритет
|
|---|
| Електронски уред за пристап кон апликацијата | Задолжително
|
| Пристап до интернет | Задолжително
|
| Веб прелистуач | Задолжително
|
| Профил | Задолжително
|
| Да е студент или професор на факултетот | Задолжително
|