| | 23 | |
| | 24 | Имплементацијата на кодот е следна: |
| | 25 | |
| | 26 | [[Image(prebaruvanjekod1.png)]] |
| | 27 | [[Image(prebaruvanjekod2.png)]] |
| | 28 | |
| | 29 | **Метод IsStudent()** - заштитен (protected) метод кој проверува дали моментално најавениот корисник е од тип Student. |
| | 30 | |
| | 31 | Прво се зема ID-то на најавениот корисник преку User.Identity.GetUserId(). Потоа, преку Entity Framework се пребарува табелата Users, но само корисници од тип Student (користејќи OfType<Student>()). Методот Any враќа true ако постои студент со истото ID, во спротивно false. Овој метод се користи за контрола на логиката во View (на пример, да се прикажат одредени функционалности само за студенти). |
| | 32 | |
| | 33 | **Метод ViewMentors(...)** - ActionResult метод кој враќа View со листа на ментори и поддржува повеќе параметри за пребарување и филтрирање: име, презиме, предмет, тема и достапност. |
| | 34 | |
| | 35 | Се креира нов ApplicationDbContext и се вчитуваат сите ментори заедно со нивните предмети (Subjects) и теми (Topics) користејќи Include. Податоците од ентитетот Mentor се мапираат во EditMentorModel (ViewModel). Потоа следуваат условни филтри: |
| | 36 | - Ако е внесено име, се проверува дали името или презимето на менторот го содржи внесениот текст (без разлика на големи/мали букви). |
| | 37 | - Ако е внесено презиме, се филтрира само по презиме. |
| | 38 | - Ако е внесен предмет, се проверува дали некој од предметите на менторот го содржи внесениот текст. |
| | 39 | - Ако е внесена тема, се проверува истото за темите. |
| | 40 | - Ако е внесена вредност за available, таа се парсира во bool и се филтрираат само ментори со соодветна достапност. |
| | 41 | |
| | 42 | Во ViewBag.IsStudent се сместува резултатот од методот IsStudent() за да може View-то да знае дали корисникот е студент. Потоа, View-то се враќа со филтрираната листа на ментори. |
| | 43 | |
| | 44 | По примена на филтрирање според предмет, ги имаме следните резултати: |
| | 45 | |