= Финална имплементација на случаи на употреба = На следната табела се прикажани финалните кориснички сценарија: || '''ID''' || '''Use Case Scenario''' || '''Actor''' || || 14 || Најава преку OAuth2 (Google, Microsoft, GitHub) || Корисник || || 15 || Поставување на предлог теми за проект || Ментор || || 16 || Доделување теми на студент || Ментор || || 17 || Контакт со ментор (променет) || Студент || И дополнително се имплементирани E-mail нотификации, поврзани со inbox на самиот сајт. ---- = Корисник = == Најава преку OAuth2 == Кога прв пат ќе ја отвори страната, корисникот е редиректиран кон страната за најава. Долу, има дополнителни три копчиња за најава со Google, Microsoft и GitHub. [[Image(најава.png)]] Да го земеме како пример Google. Корисникот ја одбира опцијата за најава со Google и е редиректиран кон најавата поставена од Google: [[Image(најава2.png)]] Откако ќе го одбере својот Google профил и успешно помине најавата, тогаш корисникот може да продолжи со регистрација. Тука се пополуваат полињата како име, презиме и мејл: [[Image(најава3.png)]] Сега што останува е корисникот да пополни биографија, предмети, интереси, доколку е студент тогаш индекс, година, семестар, итн. Но тие се опционални, и регистрацијата преку Google е завршена. Сега, секогаш кога корисникот сака да се најави на Најди Ментор, може преку својот Google профил. = Ментор = == Поставување на предлог теми за проект == Менторот може да постави предлог теми за проект на својот профил. Најпрво треба да го отвори прозорецот за уредување на својот профил и да го најде следното поле: [[Image(теми.png)]] Откако ќе додаде тема, ќе може да ја уреди, избрише или додели на некој студент, притоа студентот мора да стапил во контакт со менторот претходно на самата страна и да има договор помеѓу студентот и менторот за таа тема. Доколку темата е доделена, менторот може да ја одземе. == Доделување теми на студент == Менторот може да додели тема на студент преку dropdown кое е пополнето со сите студенти кои го контактирале менторот: [[Image(доделитема.png)]] Секој корисник може да ги види предлог темите на менторот на неговиот профил. Може да види наслов, опис, доколку се доделени или не. Ако е менторот, или пак студентот на кој е доделена темата, тогаш има посебно поле „Доделена на студент:“ [[Image(темипрофил.png)]] [[Image(темипрофил2.png)]] = Студент = == Контакт со ментор (променет) == Контактирање на ментор од страна на студент останува исто, само е додадено поле за избор на предлог тема, која студентот може да ја избере но е опционална. Студентот стиска на копчето за контакт кај профилот на менторот и се отвара следниот прозорец: [[Image(контакт.png)]] По испраќање на контакт барање на менторот, менторот добива нотификација како и претходно, само што сега е излистана и темата која ја одбрал студентот. Ова е со цел да знае професорот на кого да ја додели темата понатаму, но тоа мора да го направи преку својот профил, во случај да има повеќе заинтересирани студенти. [[Image(контактнотиф.png)]] = Нотификации преку E-mail = Воведени се нотификација преку E-mail. освен што стигаат во постоечкиот Inbox, сега сите нотификации стигаат и преку E-mail на корисникот. Пример: [[Image(нотиф.png)]] [[Image(нотиф2.png)]]