wiki:UseCaseImplementationsFinal

Version 7 (modified by 231067, 3 days ago) ( diff )

--

Финална имплементација на случаи на употреба

На следната табела се прикажани финалните кориснички сценарија:

ID Use Case Scenario Actor
14 Најава преку OAuth2 (Google, Microsoft, GitHub) Корисник
15 Поставување на предлог теми за проект Ментор
16 Доделување теми на студент Ментор
17 Контакт со ментор (променет) Студент

И дополнително се имплементирани E-mail нотификации, поврзани со inbox на самиот сајт.


Корисник

Најава преку OAuth2

Кога прв пат ќе ја отвори страната, корисникот е редиректиран кон страната за најава. Долу, има дополнителни три копчиња за најава со Google, Microsoft и GitHub.

Да го земеме како пример Google. Корисникот ја одбира опцијата за најава со Google и е редиректиран кон најавата поставена од Google:

Откако ќе го одбере својот Google профил и успешно помине најавата, тогаш корисникот може да продолжи со регистрација. Тука се пополуваат полињата како име, презиме и мејл:

Сега што останува е корисникот да пополни биографија, предмети, интереси, доколку е студент тогаш индекс, година, семестар, итн. Но тие се опционални, и регистрацијата преку Google е завршена.

Сега, секогаш кога корисникот сака да се најави на Најди Ментор, може преку својот Google профил.

Ментор

Поставување на предлог теми за проект

Менторот може да постави предлог теми за проект на својот профил. Најпрво треба да го отвори прозорецот за уредување на својот профил и да го најде следното поле:

Откако ќе додаде тема, ќе може да ја уреди, избрише или додели на некој студент, притоа студентот мора да стапил во контакт со менторот претходно на самата страна и да има договор помеѓу студентот и менторот за таа тема. Доколку темата е доделена, менторот може да ја одземе.

Доделување теми на студент

Менторот може да додели тема на студент преку dropdown кое е пополнето со сите студенти кои го контактирале менторот:

Секој корисник може да ги види предлог темите на менторот на неговиот профил. Може да види наслов, опис, доколку се доделени или не. Ако е менторот, или пак студентот на кој е доделена темата, тогаш има посебно поле „Доделена на студент:“

Студент

Контакт со ментор (променет)

Контактирање на ментор од страна на студент останува исто, само е додадено поле за избор на предлог тема, која студентот може да ја избере но е опционална.

Студентот стиска на копчето за контакт кај профилот на менторот и се отвара следниот прозорец:

По испраќање на контакт барање на менторот, менторот добива нотификација како и претходно, само што сега е излистана и темата која ја одбрал студентот. Ова е со цел да знае професорот на кого да ја додели темата понатаму, но тоа мора да го направи преку својот профил, во случај да има повеќе заинтересирани студенти.

Нотификации преку E-mail

Воведени се нотификација преку E-mail. освен што стигаат во постоечкиот Inbox, сега сите нотификации стигаат и преку E-mail на корисникот.

Пример:

Attachments (11)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.