| 17 | | Најди Ментор е веб апликација која им овозможува на студентите да пребаруваат низ професори на факултетот и да пронајдат соодветен ментор за својот проект, дипломска, пракса и друго. Системот ќе им овозможи да стапат во контакт со менторот и да поднесат барање за контакт, а менторот да ги прифати или одбие барањата на студентите. Има опција за автоматско совпаѓање според предметите кои студентот ги слуша и менторот ги предава, и/или според своите заеднички интереси. Откако ќе стапат во контакт со ментор, студентите можат да пишуваат мислења за менторите, а менторите да изберат дали ќе ги прикажат тие коментари на своите профили. Менторите исто можат да постават и свои предлог теми кои ќе бидат доделени на некои студенти. Има систем за нотификации и пораки преку кои се договара контакт. |