= За проектот Наслов на проектот: NajdiMentor Започнат: Март 2026 Членови на тимот: 1. Катерина Василева 231067 - координатор 2. Тамара Димитрова 231165 3. Марија Василевска 231144 Ментори: проф. д-р Горан Велинов, асс. Милан Тодоровиќ == Опис на проектот Најди Ментор е веб апликација која им овозможува на студентите да пребаруваат низ професори на факултетот и да пронајдат соодветен ментор за својот проект, дипломска, пракса и друго. Системот ќе им овозможи да стапат во контакт со менторот и да поднесат барање за контакт, а менторот да ги прифати или одбие барањата на студентите. Има опција за автоматско совпаѓање според предметите кои студентот ги слуша и менторот ги предава, и/или според своите заеднички интереси. Откако ќе стапат во контакт со ментор, студентите можат да пишуваат мислења за менторите, а менторите да изберат дали ќе ги прикажат тие коментари на своите профили. Менторите исто можат да постават и свои предлог теми кои ќе бидат доделени на некои студенти. Има систем за нотификации и пораки преку кои се договара контакт. По предметот Напредни Бази на Податоци ќе го изработуваме системот одново со промени, користејќи ја истата идеја, поради разлика во технологии. == Чекори и документација ||= Фаза =||= Име на фаза =||= Статус =|| || Ф0 || Дефинирање на проектот || Започнато || || Ф1 || Релационен Модел - ЕР Дијаграм || Започнато || || Ф2 || Креирање и пополнување на база на податоци (DDL, DML) || Започнато ||