== 3.1 Market Demographics == Остварувањето на проектот ќе придонесе за поголема целна група на корисници, од различен тип. Потенцијални корисници на системот може да бидат сите засегнати страни. А, тоа се: крајните купувачи, самите хотели, односно вработените во хотелите, вработените во ИТ компанијата, целото здружение на хотелиери, како и министерство за туризам и полиција. [[br]] Тоа значи дека корисник на системот може да биде секој што ќе посака да резервира хотелска соба. Сите се потенцијални корисници и нема ограничување во однос на: годините и возраста (секој кој е способен сам да резервира и изврши уплата самостојно), без разлика на расата или религијата, пол, големина на фамилија, како и чувство на припадност (националност) или степен на едукација. [[br]] Поради неограничувањето на крајните корисници, бројот на потенцијални корисници постојано би растел. [[br]] Индустриски трендови и технологии кои што се потребни за успешно користење на продуктот, се технологиите кои денес ги поседува секој од нас: персонален компјутер, таблет, паметен телефон. Така што продуктот е лесно пристаплив за секого во модерната доба. [[br]] Продуктот придонесува за побрзо остварување на целта на корисниците – резервација и уплата, но и за целта на засегнатите страни – поголема прегледност, увид, брзина, сигурност, конзистентност и поголема реклама. Репутацијата на продуктот е во светски рамки бидејќи опфаќа институции (хотели) од целиот свет. [[br]]