Version 22 (modified by 3 weeks ago) ( diff ) | ,
---|
Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL
Актери
1. Регистриран купувач
Овој тип на корисник е лице кое се регистрира на платформата и има сопствена сметка.
Регистрираниот купувач може да прелистува производи, да ги сортира според цена, категорија, да додава производи во кошничка, и да креира и плаќа нарачки.
2. Гостин купувач
Гостин купувач е тип на корисник кој не е регистриран, но може да ги прегледува производите и да направи еднократна нарачка.
Гостинските купувачи, односно оние кои не креираат профил, ги внесуваат потребните информации за испорака и плаќање при секоја нарачка, но немаат пристап до дополнителни функционалности, како што се додади во омилени,следење на нарачки...
3. ИТ администратор
Овој корисник се грижи за техничката инфраструктура на онлајн продавницата. Го одржува веб-сајтот, апликациите, базите на податоци и ја обезбедува сигурноста на системот. Без ИТ администраторот, платформата може да се соочи со проблеми кои би го прекинале работењето.
4. Креатор на содржина
Исто така,овој актер е одговорен за ажурирање на веб-страната со нова содржина,нови колекции, промотивни кампањи и специјални понуди. Администраторот управува со визуелните и текстуалните елементи кои купувачите ги гледаат при прелистување.Тој е одговорен за визуелната и текстуалната презентација на производите. Без атрактивен и точен опис на производите, клиентите нема да бидат мотивирани за купување.Откако ке спреми содржина, ја дава на ИТ администраторот да ја проследи и направи видлива за корисниците.
5. Менаџер за испорака/Доставувач
Одговорен за планирање и организирање на испораката на производите до купувачите. Овој корисник управува со доставувачите, ги следи испораките и ги решава проблемите со логистиката.
Овој корисник е одговорен за испорака на нарачките до адресите на купувачите. Има преглед на сите нарачки кои му се доделени за испорака, вклучувајќи информации за адресите за достава и статусот на нарачките. Доставувачот ја ажурира состојбата на испораката (на пример, „Испорачана“ или „Во тек“).
6. Менаџер за набавка
Овој корисник е одговорен платформата да ја одржува снабдена со соодветни и доволни производи. Работи со добавувачи за да обезбеди континуирано снабдување.
Управува со складирањето на производите, нивната достапност и испорака. Без него, нема контрола врз залихите и нивната дистрибуција.
7. Финансиски менаџер
Управува со финансиските трансакции, вклучувајќи обработка на плаќањата, рефундации и буџетирање. Без него, не би било можно управувањето со приходите.
Сценарија
1. Регистрација на нов купувач
2. Најава на регистриран купувач
3. Преглед и избор на производи
4. Преглед на кошничката
5. Внесување податоци за испорака и плаќање
6. Потврда за нарачката и генерирање на сметка
7. Прераспределување и подготовка за испорака
8. Достава на нарачка
9. Следење на нарачка
10. Завршување на процесот
Најважни случаи на употреба
1. Регистрација на нов корисник
2. Преглед на производи и додавaње во кошничка
3. Нарачка на производ и плаќање
4. Следење на нарачка