wiki:Дефинирање на проектот

Version 8 (modified by 183175, 6 weeks ago) ( diff )

--

Проект: Онлајн продавница

  • Предмет: Бази на податоци 2024/2025
  • Членови: Сања Петрушевска 183175
  • Ментор: Проф. д-р Вангел Ајановски

Краток опис на проектот

Овој проект е наменет за креирање функционална база на податоци за онлајн шоп. Инспирација за овој тип проект се онлајн продавници како Зара каде може онлајн да се пристапи до продуктите кои се веќе категоризирани во разни категории.Целта е да може секој може да пристапи онлајн, да може да одбере посакуван продукт или повеќе продукти, да види опис, одбере големина, отиде во кошничка и со одбраните продукти продолжи на Check out каде ке може да внесе доверливи податоци за плаќање, одбере каде и на кого ке се изврши испорака, плати трошоци за Карго+Продукт, и кликне на копчето Купи. Табели со кои располага овој проект:

  • Производи
  • Категории
  • Залиха
  • Нарачки
  • Корисник
  • Испорака
  • Содржи

Детален опис на проектот

Предвидено е да имаме 7 табели, кои преку внимателно дефинирање на ентитетите, атрибутите и релациите меѓу нив, ќе обезбедат структуриран и функционален модел на податоци.
Овие табели ќе бидат преточени во SQL за да се добие оперативна база на податоци која ќе ги поддржува сите основни функции на онлајн шоп, како што се управување со производи, следење на залиха, обработка на нарачки, управување со испорака и кориснички профили.

Табелата Производи е главниот извор на податоци за облеката и другите модни артикли. Секој производ ке биде дефиниран со одредени карактеристики како категорија,име на производ, опис, боја, цена... Ова ке овозможи организирање и лесно пребарување на производите според нивните карактеристики.

Табелата Категории ги класифицира производите според нивна намена по пол, односно дали производот е за женски или за машки потрошувачи.

Табелата Залиха управува со количината и достапноста на секој производ. Оваа табела ке има надворешен клуч кој од табелата Производи ке ги превземе основните податоци за продуктот со тоа што дополнително ке додаде информации за големина како XS, S, M, L, XL и количина која е достапна за секоја големина. Базата автоматски треба да ја ажурира залихата по секоја успешна нарачка и проверува достапност при креирање нарачка.

Табелата Нарачки ке ги содржи сите информации поврзани со корисничките нарачки како име на корнисникот кој купува, метод на плаќање, статус,цена на производот,цена на испорака,вкупна цена, шифра на сметка и датум.

Табелата Корисник ке ги содржи информациите за потрошувачите како емаил,име,презиме,телефон,адреса и лозинка. Идејата е корисниците да можат да го следат статусот на своите нарачки и да ги ажурираат податоците за испорака.

Табелата Испорака овозможува следење на испораката на секоја нарачка па поради тоа првин ке има надворешен клуч кој ке земе податоци од табелата Нарачки, а потоа ке додаде информации за адреса на која треба да биде испратена нарачката и статус на нарачка (Во подготовка, Во Трансфер, Испорачана).

Табелата Содржи е всушност релација која има свои атрибути за Цена,Големина и Количина.Исто така таа содржи и надворешни клучеви од две табели ID_Нарачка (надворешен клуч од табелата Нарачки) и ID_Залиха (надворешен клуч од табелата Залиха). Оваа релација ги поврзува ентитетите Нарачки и Залиха со однос 1:N бидејќи една нарачка може да содржи повеќе производи.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.