Version 18 (modified by 2 months ago) ( diff ) | ,
---|
Трансакции
Употреба на 'Трансакции' соодветно проектот
Трансакциите може да се состојат од една операција за читање, запишување, бришење или ажурирање
или комбинација од нив.
Трансакцијата во SQL се низа од една или повеќе SQL активности извршени како една функција.Главната идеја зад трансакцијата е дека сите промени направени во неа треба или да бидат целосно успешни или целосно да се поништат во случај на неуспех.
Во случај на грешка, враќањето осигурува да не се зачуваат делумни промени.
Како што знаеме, трансакциите треба да ги содржат следниве 4 аспекти познати како ACID :
-> Atomicity
Тоа би значело резултатот од трансакцијата може да биде или целосно успешен или целосно неуспешен.
Целата трансакција мора да се врати назад ако еден дел од неа не успее.
-> Consistency
Трансакцијата ја претвора базата од една валидна состојба во друга валидна состојба.
Правилата и ограничувањата на базата секогаш остануваат запазени.
-> Isolation
Секоја трансакција се извршува како да е единствената во системот.
Паралелните трансакции не си влијаат меѓусебно додека се извршуваат.
На тој начин се гарантира точноста на податоците.
-> Durability
Откако трансакцијата ќе биде потврдена, промените се трајно зачувани.
Дури и при пад на системот, податоците остануваат зачувани.
Исто така, да не заборавиме дека трансакциите се карактеристички по опфаќање на следниве 4 команди :
BEGIN TRANSACTION -> COMMIT -> ROLLBACK -> SAVEPOINT
Соодветно темата и целта на мојот проект,трансакциите би требало да бидат имплементирани на овој начин:
-> Да можам да направам нарачка и намалам залиха во ист процес
-> Гаранција дека сите чекори во процесот ќе се извршат успешно или воопшто нема да се извршат
-> Можност за враќање на промените ако настане грешка