Version 34 (modified by 14 hours ago) ( diff ) | ,
---|
Трансакции
Употреба на 'Трансакции' соодветно проектот
Трансакциите може да се состојат од една операција за читање, запишување, бришење или ажурирање
или комбинација од нив.
Трансакцијата во SQL се низа од една или повеќе SQL активности извршени како една функција.Главната идеја зад трансакцијата е дека сите промени направени во неа треба или да бидат целосно успешни или целосно да се поништат во случај на неуспех.
Во случај на грешка, враќањето осигурува да не се зачуваат делумни промени.
Како што знаеме, трансакциите треба да ги содржат следниве 4 аспекти познати како ACID :
-> Atomicity
Тоа би значело резултатот од трансакцијата може да биде или целосно успешен или целосно неуспешен.
Целата трансакција мора да се врати назад ако еден дел од неа не успее.
-> Consistency
Трансакцијата ја претвора базата од една валидна состојба во друга валидна состојба.
Правилата и ограничувањата на базата секогаш остануваат запазени.
-> Isolation
Секоја трансакција се извршува како да е единствената во системот.
Паралелните трансакции не си влијаат меѓусебно додека се извршуваат.
На тој начин се гарантира точноста на податоците.
-> Durability
Откако трансакцијата ќе биде потврдена, промените се трајно зачувани.
Дури и при пад на системот, податоците остануваат зачувани.
Исто така, да не заборавиме дека трансакциите се карактеристички по опфаќање на следниве 4 команди :
BEGIN TRANSACTION -> COMMIT -> ROLLBACK -> SAVEPOINT
Поради тоа, на страната app.js
, го додаваме следново:
-> трансакцијата ја започнуваме со await client.query('BEGIN');
на овој начин сите операции кои следат ќе бидат извршени во контекст на една трансакција
-> ако сите операции во тек на трансакција бидат успешни,
правиме COMMIT
со await client.query('COMMIT');
-> доколку се случи грешка во било кој дел од процесот,
сите промени ќе се поништат со await client.query('ROLLBACK');
-> ке имаме функционален SAVEPOINT
и подобрена заштита од грешки во трансакциите,
доколку по внесување нов customers
, ако има грешки во transactions
враќаме ROLLBACK TO SAVEPOINT customer_added
наместо целосен ROLLBACK
.
Ако се е во ред, правиме COMMIT
и зачувуваме во база,
а ако има некоја друга грешка, правиме целосен ROLLBACK
Соодветно темата и целта на мојот проект,трансакциите би требало да бидат имплементирани на овој начин:
-> Да можам да направам нарачка и намалам залиха во ист процес
-> Гаранција дека сите чекори во процесот ќе се извршат успешно или воопшто нема да се извршат
-> Можност за враќање на промените ако настане грешка
Update
Atomicity
Како што веќе кажавме, за еден успешен Atomicity потребно е имплементација на неколку клучни точки.
Користам BEGIN
на почеток, потоа COMMIT
ако помине успешно, и ROLLBACK
ако има грешка.
Ако некој чекор не успее, во catch
фаќаме грешки, повикуваме ROLLBACK
,
и трансакцијата се поништува а притоа ниту еднапромена не се зачувува.
Сега по поставам реални примери од фајлот app.js каде ги имам употребено истите за да докажеме Atomicity :
Пример 1 : /order API
Првин трансакцијата почнува со
await client.query("BEGIN");
Потоа ги правам сите операции (провери, внеси, ажурирај залиха ...)
Ако некаде има грешка, се отфрла целата операција, и за крај :
await client.query("ROLLBACK");
Доколку сите операции и обиди поминат успешно, се извршува :
await client.query("COMMIT");
Пример 2 : Залиха
Сега ке видиме еден пример како што гласи правилото, трансакција мора да се врати назад ако еден дел од неа не успее.
Ако залихата за некој производ и големина фали,односно нема залиха, фрли грешка:
if (currentStock < item.quantity) { throw new Error(`Недоволна залиха за продукт ${item.product_name} (${item.size})`); }
Ова е пример каде во catch ке дојде некоја грешка и ке направи ROLLBACK
await client.query("ROLLBACK");
Пример 3 : /order endpoint
Овде имам употреба на BEGIN
,COMMIT
и ROLLBACK
.
const client = await db.pool.connect(); try { await client.query("BEGIN"); // ... сите останати потребни чекори ... await client.query("COMMIT"); } catch (err) { await client.query("ROLLBACK"); } finally { client.release(); }
Пример 4 : Try/catch
Секој чекор во процесот се наоѓа во блок try, па да видиме пример за ажурирање на залиха :
await client.query( "UPDATE stock SET quantity = quantity - $1, updated_at = NOW() WHERE id_stock = $2", [deductQty, stockRow.id_stock] );
Кога овој момент нема да успее, ке премине во блок catch.
Consistency
Сега ке видиме пример каде ја штитиме базата од внесување невалидни или несоодветни податоци
поради поставените constraints односно ограничувања.
Воедно овие примери помагаат при оправдување на валидност на нашето сценарио каде при нарачување на продукт
кошничката нема да се дозволи додавање на продукт чија количина < 1.
Пример 1 : Error
FOREIGN KEY врски (на пример, id_customer
во orders
мора да постои во customers
),
а од друга страна имаме поставено и неколку NOT NULL полиња.
Во /order API, пред да се внесе нарачка, се проверува дали има доволно залиха :
if (currentStock < item.quantity) { throw new Error(`Недоволна залиха за продукт ${item.product_name} (${item.size})`); }
На овој начин се спречува несоодветно внесување на залиха во база, што би ја нарушило логиката и правилата во базата.
Ако нешто не е во ред, трансакцијата не се потврдува и базата останува во валидна состојба.
Пример 2 : status(400)
Во API за промена на улога PUT /admin/users/:id/role проверуваm дали улогата постои во roles пред да се измени :
const roleRes = await db.pool.query("SELECT id_role FROM roles WHERE role_name = $1", [role_name]); if (roleRes.rows.length === 0) { return res.status(400).json({ error: "Улогата не постои" }); }
ова е уште еден пример каде се штити базата од внесување невалидни или несоодветни податоци.
Isolation
За да оправдаме дека некоја трансакција се извршува како да е единствената во системот, притоа
паралелните трансакции да не си влијаат меѓусебно додека се извршуваат, е единствен начин се гарантира точност на податоците.
Пример 1 : FOR UPDATE
Во /order функција, кога правам ажурирање на залиха stock, користам FOR UPDATE:
const stocks = await client.query( `SELECT s.id_stock, s.quantity FROM stock s JOIN sizes sz ON s.id_size = sz.id WHERE s.id_product = $1 AND sz.size_label = $2 ORDER BY s.created_at ASC FOR UPDATE`, [item.productId, item.size] );
FOR UPDATE го заклучува тој ред во базата за тековна трансакција,
и тогаш други паралелни трансакции не можат да го менуваат редот додека оваа трансакција не заврши.
На овој начин се спречува да има две нарачки кои истовремено ќе ги земат истите залихи,
што би довело до неконсистентна состојба.
Durability
Една од целите на трансакции е трајност,што при нарачување би значело дека откако трансакцијата ќе биде потврдена,
промените се трајно зачувани. Дури и при пад на системот, податоците остануваат зачувани.
await client.query("COMMIT");
Конкретно кај нас во база, овој ред гарантира дека сите промени во трансакцијата се трајно запишани во база.
Дури и серверот ако падне веднаш по COMMIT, базата гарантира дека тие податоци ќе бидат зачувани.