= Инструкции за стартување на апликацијата == Предуслови за функционирање на апликацијата Потребно е на вашата машина да имате инсталирано **Java 11** и неколку dependencies. Наша препорака е откако ќе инсталирате Java да ja користите развојната околина **IntelliJ IDEA** која овозможува откако ќе го отворите проектот да се инсталираат потребните dependencies. Оваа развојна околина има бесплатна верзија (community edition) а доколку сте студент можете бесплатно да користите и други верзии доколку креирате корисничка сметка на **JetBrains** со вашата студентска електронска пошта. Dependencies кои ги користи проектот се **Spring Boot, PostgreSQL Driver, Maven, Thymeleaf, Lombok**. == Отворање и стартување на апликацијата 1. Клонирајте го проектот од **[https://github.com/SazdovaEkaterina/Paw5 github репозиториумот]**. 2. Отворете IntelliJ и селектирајте **File -> Open** и најдете ја папката на проектот под име **Paw5**. Отворете ја папката и селектирајте ја **pom.xml** датотеката и изберете ја опцијата **Open as Project**. 3. Пред да се обидете да ја стартувате апликацијата треба да воспоставите конекција со базата на податоци. За таа цел треба да ја отворите тунел скриптата достапна на **[https://bazi.finki.ukim.mk/materijali/Software/ овој линк]**. Отворете ja tunnel_scripta.cmd датотеката со некаков editor и внесете ги параметрите за пристап на полињата за корисничко име и лозинка. 4. Откога проектот ќе се отвори и ќе се индексираат сите датотеки, најдете ја **Paw5/src/main/java/finki/paw5/Paw5Application.java** датотеката. Направете десен клик врз истата и изберете **"Run Paw5Application"**. 5. Апликацијата ќе се стартува за неколку секунди и ќе можете да ја отворите истата на патеката **http://localhost:8080/home** преку веб прелистувач. [https://develop.finki.ukim.mk/projects/PAW5/wiki/PrototypeApplication Назад]