== Насоки за потребен софтвер и стартување на апликацијата За да започнете, потребно е да инсталирате Java верзија 16. Потоа, следи подготвување на околината за проектот, каде што најпрепорачливата опција е IntelliJ IDEA. Ова е еден од многуте софтверски производи на компанијата JetBrains, која може да биде инсталирана бесплатно со студентска лиценца, користејќи ја вашата студентска е-пошта. Откако ќе ја отворите вашата IntelliJ IDEA околина, Maven Reload Project процесот автоматски ќе ги спушти dependencies за Spring Boot, Maven Dependencies и PostgreSQL Driver, кои се потребни за целосната функционалност на проектот. Оттука, треба да се поврзете со тунелската скрипта за да остварите конекција со базата на податоци. Доколку ги следите претходните чекори точно, треба да стартувате проектот со PaintOfHeartApplication.java преку Run или Debug опциите. Кога стартувањето ќе заврши успешно, може да пристапите до апликацијата на вашиот веб прелистувач преку портата http://localhost:9080/home. Ова ќе ве однесе до почетната страна на апликацијата.