== Прототип апликација '''Линк''' до видео запис: = Насоки за користење на апликацијата и финална имплементација на обработени функционалности Финалната верзија на апликацијата опфаќа имплементација на следните сценарија и случаи на употреба за корисник (купувач): '''Купувач:''' [[br]] 1. Регистрација на купувач [[br]] 2. Најава на купувач [[br]] 3. Приказ на актуелни културни настани [[br]] 4. Резервирање на билет за одреден настан [[br]] 5. Приказ на резервации за купувачот во кошничката [[br]] 6. Оставање на рецензија за артист [[br]] [[br]] * Кога ќе пристапите до http://localhost:9080/home во пребарувачот, на вашиот уред ќе се прикаже почетната страница на апликацијата. Тука е прикажана само илустрација, концизна информација која е намената на апликацијата, навигациското мени, во кое се наоѓаат '''HOME''', '''Events''' и '''About''' секциите. Како и копчињата за регистрација и најава на корисникот. [[Image(wiki:UseCaseImplementations::homepage.jpg,width=900em)]] * Преку копчињата во навигациско мени корисникот може да навигира помеѓу страниците на веб апликацијата. Така што доколку го одбере копчето '''About''', апликацијата ќе го пренасочи кон '''About''' страницата во која се посакува добредојде на корисниците, прикажани се детални информации која е визијата на апликацијата, како апликацијата ја остварува истата, кратко упатство за тоа кои функционалности му се овозможени на корисникот. Исто така и информации за тимот кој ја изградил апликацијата, на крајот од самата '''About''' страница. [[Image(wiki:UseCaseImplementations::about.jpg,width=900em)]] * Следна страница од навигациското мени, кон која корисникот, без разлика на кој модул на корисник припаѓа, може да навигира е '''Events''' страницата. Со избирање на ова страница, на корисникот му се прикажува нова страница, со излистани актуелни културни настани од областа (театар, музеј, галерија) со потребни информации: име на настан, град, датум на одржување на самиот настан, артист кој учсетвува во настанот и на крај цената на билетот, кој е потребен за влез на настанот. Тука засега не е достапна опцијата на резервирање на настанот, како и купување на билетот. За таа цел потребно е корисникот да е регистриран на системот, а подоцна и најавен. [[Image(wiki:UseCaseImplementations::events1.jpg,width=900em)]] * Со таа намера потребно е сега преку копчето '''Register''', сместено во горниот десен агол од страницата, во самото навигациско мени, да се пренасочиме кон формата на регистрација за нов корисник на системот. Формата ги побарува информациите како што се името, презимето на корисникот, корисничкото име и лозинка, со кои подоцна ќе се најавува на системот, телефонски број за контакт. Избирање на модул на корисник, според кој подоцна соодветно, доколку корисникот избрал дека сака да креирара нов профил од модулот купувач, ќе биде потребно да внесе трансакциска сметка, која ќе биде потребна подоцна за наплата на резервираните билети. А доколку корисникот избрал да креира профил од модулот уметник, ќе биде потребно да внесе типот на корисникот на кој припаѓа, во input поле. [[Image(wiki:UseCaseImplementations::register1.jpg,width=900em)]] [[Image(wiki:UseCaseImplementations::register2.jpg,width=900em)]] * Откако корисникот ќе ги пополни сите барани информации, притиска на копчето регистрирај, со што автоматски се зачувуваат информациите за него во базата на податоци на апликацијата. По ова на корисникот му е достапна можност да се најави на системот. За таа цел тој ги внесува корисничкото име и лозинка, кои ги избрал при креирањето на профилот при регистрацијата. Доколку комбинацијата е точна и таков запис постои во базата, корисникот ќе биде успешно најавен. [[Image(wiki:UseCaseImplementations::login.jpg,width=900em)]] * По успешната најава на корисникот му се прикажува малку поразличен поглед на страницата '''Events''', односно корисникот има поголеми привилегии, сега му е достапна можноста да избира кој од актуелните настани, за кои е заинтересиран, да резервира билет и да го додаде во кошнничката. Кон резервација на билетот се пренасочува со кликање на копчето резервирај билет, лоциран од десната страна до секој од настаните. [[Image(wiki:UseCaseImplementations::events2.jpg,width=900em)]] [[Image(wiki:UseCaseImplementations::events3.jpg,width=900em)]] * Страницата за резервација ги прикажува информациите, за кој настан сме одбрале дека сакаме да направиме резервација и дава можност за избирање на седиште, доколку настанот се одржува во театарот. [[Image(wiki:UseCaseImplementations::reservation.jpg,width=900em)]] * По успешна резервација на купувачот му се прикажува кошничката со резервираните настани, со сите информации поединечно за секој настан, како и вкупна сума за плаќање, доколку се одлучи да ги купи билетите. [[Image(wiki:UseCaseImplementations::cart.jpg,width=900em)]] * На корисникот системот како додатна опционална функционалност му дава можност да го оцени артистот, одност да остави review, со рејтинг и коментар за артистот. [[Image(wiki:UseCaseImplementations::review.jpg,width=900em)]]