= PAINT OF HEART '''Систем за промоција и резервација на културни настани во Македонија''' Започнат: ноември 2022 Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. Ана Младеновска == Краток опис на проектот: Веб апликација која овозможува приказ на сите настани од областа на уметноста, кои се случуваат во театрите, галериите и музеите во Македонија, со промоција на уметниците и актерите кои се дел од истите. Целта на апликацијата е да се поттикне интересот на публиката од различни возрасни групи, без разлика на нивното место на живеење. Апликацијата нуди флексибилност со времето и независност од локацијата, бидејќи претставува брз и поедноставен начин на резервирање карти во однос на класичното/физичко купување на карти. Апликацијата има четири модули на корисници, првиот модул е администратор кој управува со апликацијата, вториот модул се купувачите кои се заинтересирани во настаните и резервирањето на билети, односно публиката, третиот модул претставуваат независните уметници на кои им се нуди помош за промовирање на своите дела и четвртиот модул се организаторите на изложбите во галериите и музеите и драмите во театрите. При пристап на апликацијата корисникот може слободно да ги разгледува сите понудени настани, а доколку е нов корисник и е заинтересиран за резервирање на билети, тогаш е потребна негова регистрација на системот, инаку потребна е само најава за веќе постоечките корисници. Покрај тоа, корисникот има можност да ги оцени настаните на кои присуствувал и да ги посети профилите на сите артисти кои се дел од претставите или изложбите каде се содржани нивните претходни дела и кратка биографија, а исто така и да добие лојална картичка со која добива попусти на идни настани. == Членови на тимот: ||= Име и презиме =||= Индекс || Виктор Николиќ - координатор ||191285|| || Анастасија Цветковска ||181006|| == Фази и координација: ||= Фаза =||= Име на фаза ||= Статус ||= **Ф0** =||**[[About|Дефинирање на проектот]]**||[[span(style=color: #00FF00,**Одобрено** )]]|| ||= **Ф1** =||**[[ERModel|Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања]]**||[[span(style=color: #00FF00,**Одобрено** )]]|| ||= **Ф2** =||**[[RelationalDesign | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL)]]**||[[span(style=color: #00FF00,**Одобрено** )]]|| ||= **Ф3** =||**[[UseCaseModel|Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи]]**||[[span(style=color: #00FF00,**Одобрено** )]]|| ||= **Ф4** =||**[[AdvancedReports|Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури)]]**||[[span(style=color: #FA8128,**Започнато** )]]|| ||= **Ф5** =||**[[PrototypeApplication|Прототип апликација - Основни функционалности]]**||**Не е започнато** ||= **Ф6** =||**Нормализација и подобрувања на дизајнот**||**Не е започнато**|| ||= **Ф7** =||**Напреден апликативен развој**||** Не е започнато **||