= PAINT OF HEART '''Систем за промоција и резервација на културни настани во Македонија''' Започнат: ноември 2022 Предмет: Бази на податоци 2022/2023/Зимски Под менторство на: вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев == Краток опис на проектот: Веб апликација која овозможува приказ на сите настани од областа на уметноста, кои се случуваат во театрите, галериите и изложбите во Македонија, со промоција на уметниците и актерите кои се дел од истите. Целта на апликацијата е да се поттикне интересот на публиката од различни возрасни групи, без разлика на нивно место на живеење. Апликацијата нуди флексибилност со времето и независност од локацијата, бидејќи претставува брз и поедноставен начин на резервирање карти во однос на класичното/физичко купување на карти. Апликацијата има два модули на корисници, првиот модул се администраторита од установите кои што ги нудат билетите и вотриот модул се самите корисници кои ги купуваат тие билети, односно публиката. При пристап на апликацијата корисникот може слободно да ги разгледува сите понудени настани, а доколку е заинтересиран за резервирање на билети, тогаш е потребна негова регистрација на системот, доколку е нов корисник, инаку најава за веќе постоечките корисници. При регистрацијата корисникот покрај внесување на својата e-mail адреса избира уникатно корисничко име, според кое ќе се води во базата на податоци и понатаму може да се најавува со него. • За секој настан се чува: ID, име, град, телефонски број, датум, цена • За секој корисник се чува: ID, име, презиме, e-mail адреса, корсничко име, трансакциска сметка, телефонски број • За секоја кошничка за купување се чува: ID, корисник, настан, билет, износ • За секој билет се чува: ID, цена, настан, датум, локација, установа Секој артист има свој профил со изложби кои ги имал, како и негови податоци, биографија. После посетен настан коирсникот ќе има можност да го оцени настанот, како и уметникот. На редовните купувачи, системот ќе овозможува попусти, со добивање на лојална картичка по одреден број на купени билети. == Членови на тимот: ||= Име и презиме =||= Индекс || Виктор Николиќ - координатор ||191285|| || Анастасија Цветковска ||181006|| == Содржина: ||= Фаза =||= Име на фаза ||= Статус || Ф0 ||**[[About|Дефинирање на проектот]]**||[[span(style=color: #00FF00,**Започнато** )]]|| || Ф1 ||**Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања**||**Не е започнато** || || Ф2 ||**Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL)**|| **Не е започнато** || || Ф3 ||**Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи**||**Не е започнато** || || Ф4 ||**Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури)**||**Не е започнато** || || Ф5 ||**Прототип апликација - Основни функционалности**||**Не е започнато** || || Ф6 ||**Нормализација и подобрувања на дизајнот**||**Не е започнато**|| || Ф7 ||**Напреден апликативен развој**||** Не е започнато **||