= Тема: Paws and Pillows \\ '''Членови на тимот:''' * Ана Мацановиќ 231178 * Антонио Крпачовски 231024 * Лина Анѓелковска 231123 \\ '''Краток опис:''' Проектот Paws and Pillows се однесува на дизајн и развој на систем за управување со хотел за миленичиња. Главниот фокус на проектот е дизајн на базата на податоци. Базата на податоци ќе складира и организира информации поврзани со клиенти, миленичиња, резервации, соби, услуги, вработени, плаќања и залиха на производи. Секое милениче е поврзано со својот сопственик, вид и раса, додека резервациите вклучуваат доделување на соби, дополнителни услуги и детали за плаќање. Системот исто така управува со достапност на соби, распоредување на услуги, испораки и ангажирање на вработени. Целта на проектот е да се развие структурирана и ефикасна релациона база на податоци која ги поддржува секојдневните операции на хотел за миленичиња. Таа овозможува следење на сместување на миленичиња, медицински записи, услуги за нега или одржување и интеракции со клиенти. Дополнително, системот поддржува управување со залихи на производи и односи со добавувачи. Проектот ќе биде имплементиран како апликација која користи база на податоци, со фокус на интегритет на податоците, ефикасен пристап до податоци и скалабилност. Неговата цел е да ја подобри оперативната ефикасност, да ги намали рачните грешки и да обезбеди централизирано управување со сите аспекти на работењето на хотел за миленичиња. \\ '''Детален опис на проектот:''' Системот за управување со хотел за миленичиња е дизајниран како сеопфатно решение кое користи база на податоци за управување со сите аспекти на работењето. Системот ги организира податоците поврзани со клиентите и нивните миленичиња, вклучувајќи вид, раса и медицински записи. Поддржува управување со резервации, каде секоја резервација може да вклучува доделување на соба, дополнителни услуги (како нега или дресирање) и следење на плаќања. Собите се категоризирани според тип и капацитет, што овозможува ефикасно распределување според потребите на миленичињата. Системот исто така вклучува управување со вработени, при што на вработените им се доделуваат на резервации или услуги. Дополнително, се управува со залихи на производи и информации за добавувачи, со што се поддржуваат хотелските операции како хранење, и грижа за миленичињата. Базата на податоци обезбедува конзистентност на податоците преку врски помеѓу ентитетите како миленичиња, клиенти, резервации и услуги. Таа е дизајнирана да се справи со реални ограничувања како достапност, распоредување и наплата. \\ '''За кого е наменет системот?''' Системот е наменет за бизниси кои нудат услуги за сместување и грижа за миленичиња. Системот овозможува сеопфатино решение за управување со резервации, следење на миленичиња и нивните потреби, распределба на вработени и одржување на оперативна ефикасност. \\ '''Кои проблеми во компанијата или организацијата ќе ги реши вашиот систем?''' Проблеми кои ги решава системот: * Неефикасно и неорганизирано рачно следење на резервации и податоци за миленичиња * Потешкотии при управување со достапност на соби * Неефикасно распоредување на услуги и вработени * Недостаток на централизирани податоци за клиенти и миленичиња * Грешки при наплата и плаќања \\ '''Кои типови на корисници ќе имаат пристап до базата на податоци и проектот?''' Типови на корисници: * Администратори – управуваат со целиот систем * Вработени – ракуваат со резервации, услуги и грижа за миленичиња * Клиенти – прават резервации и ги следат своите миленичиња \\ '''Доколку постојат слични решенија во истата компанија, во околината или веќе постојат готови решенија во светот, по што се разликува вашето решение?''' За разлика од решенијата за хотелски системи, ова решение е специфично прилагодено за хотели за миленичиња. Вклучува податоци специфични за миленичиња како вид, раса и медицински записи, како и специјализирани услуги како нега и грижа. Исто така интегрира управување со производи и добавувачи, што често недостасува кај поедноставни системи. \\ '''Дали станува збор за веб, мобилна и/или десктоп апликација?''' Системот е наменет да биде веб-базирана апликација.