= People's Choice == Членови на тимот * Бисера Пешевска 161029 * Жељко Николоски 161136 * Емилија Мечкарова 161055 == Краток опис на проектот Темата на проектот е веб апликација за онлајн аптека која им овозможува на корисниците да разгледуваат производи од различни категории, при што некои категории имаат поткатегорија, а некои немаат. Примери за поткатегории на дадена категорија: за категоријата Козметика: Козметика за нега на кожа, Козметика за нега на коса, Шминка итн. Корисниците имаат можност да пребаруваат производи според нивното име. Дополнително, корисниците можат да внесат клучен збор за пребарување, пример: главоболка, настинка итн. и да се прикаже листа на продукти со таа намена. За секоја категорија се прикажува листа на производи од таа категорија, при што корисникот од страна може да избере и филтер како ќе бидат прикажани производите од таа категорија (првин најскапите или првин најефтините производи). За секој избран производ се прикажува преглед со детали за опис на истиот, а тие вклучуваат име на производ, цена, категорија на производ, производител, дали се достапни на залиха, рејтинг, како и коментари кои ги оставиле другите корисници за тој производ. За да може да направи нарачка, да коментира на производ или да остави рејтинг, корисникот треба претходно успешно да се најави во системот. Администраторите на People's Choice имаaт креденции да додаваат нови производи и производи на акција, да едитираат и да бришат производи. == Детален опис на проектот Решението за веб апликација го изработува софтверска компанија која нуди услуги за изработка и оддржување на веб апликации. Софтверската компанија ја изработува апликацијата, но не ја поседува базата. Базата на податоци е сопственост на аптеката бидејќи во неа се складирани податоци за клиентите на аптеката и тие се сензитивни податоци. Еден вработен во аптеката е администратор, тој е одговорен за базата на податоци и тој е задолжен за додавање, бришење и ажурирање на продуктите. Со оглед дека се работи за нов бизнис, аптеката People's Choice нема продажна локација, односно таа постои единствено онлајн. За таа цел потребна е веб апликација којашто ќе служи како виртуелна аптека во којашто клиентите ќе можат да разгледуваат продукти и доколку сакаат да нарачаат нешто да го сторат тоа преку веб апликацијата. Аптеката има еден магацин, а корисниците можат да купат продукти единствено преку правење на нарачка онлајн.По направена нарачка, системот генерира фактура со вкупна цена за наплата. Доставата на продукти се врши до домашната адреса на клиентот и таа се доплаќа 100 денари. Плаќањето се врши при доставата. Аптеката People's Choice е замислена да постои само онлајн. Доколку People's Choice стане препознатлив бренд, односно бројот на клиенти скалира и бизнис случајот покаже дека е исплатливо да се отвори физичка аптека, тогаш ќе биде отворена аптека на продажна локација. Дотогаш, People's Choice постои само како онлајн аптека. На овој начин се решава проблемот за високи стартни трошоци како што се купување или изнајмување на дуќан/простор за аптеката кога се отпочнува нов бизнис. Апликацијата на People's Choice ќе ја користат администратори вработени во аптеката. Од поглед на крајни корисници, таа ќе биде достапна за нарачување на производи до валидни адреси од просторот на Македонија. People's Choice има интуитивен интерфејс кој е лесен за навигација и користење. Нарачката се прави на едноставен начин во неколку чекори. Дополнително алатките за филтрирање според цена и пребарување се од голема помош за пронаоѓање на посакуваниот продукт. Освен што корисниците ќе можат да пребаруваат продукти според нивното име, ќе може да пребаруваат и според клучен збор, пример ''главоболка'' по што ќе му биде прикажана листа на лекови за таа намена. Ова е функционалност според која се разликуваме од останатите класични аптеки. Сметаме дека ваквата функционалност додава дополнителна вредност на продуктите за стекнување на довербата кај клиентите.