= Визија == 1.Вовед \\ Целта на овој проект е да се направи веб апликација која ќе агрегира, односно ќе содржи мобилни телефони од повеќе поголеми продавници за мобилни уреди во Македонија. На овој начин, корисниците ќе имаат поголема прегледност и полесен пристап, како и поефикасен начин за споредба помеѓу мобилните телефони. \\ == 2.Позиционирање ==== 2.1 Дефиниција на проблем ||=Проблем на=||Непостоење на систем за агрегирање на мобилните телефони од подобрите продавници на пазарот|| ||=Ги засега=||Сите заинтересирани за купување или преглед на даден мобилен телефон|| ||=Со последици како=||Ограничување во изборот на мобилни телефони|| ||=Успешно решение би било=||Секој клиент да има пристап до сите понудени мобилни телефони од различни продавници, како и опција за нивна споредба на цени и спецификации|| ==== 2.2 Позиција на пазарот ||=За=||Клиенти|| ||=Кои=||Имаат потреба од споредба или полесен пристап|| ||=Phonelux=||Е веб апликација во улога на агрегатор|| ||=Кој овозоможува=||Детален и широк поглед на достапните мобилни телефони|| ||=За разлика од=||Конкретно една продавница за мобилни телефони која ги нуди само своите достапни производи|| ||=Нашиот продукт=||Ги нуди сите достапни производи на пазарот со нивните детални спецификации, и овозможува нивна споредба и филтрирање по истите|| == 3.Опис на засегнатите лица ==== 3.1 Преглед ||=Име=||=Опис=||=Одговорности=|| ||Клиент||Корисник на апликацијата||Користење на апликацијата за преглед на мобилни телефони|| ||Продавници за мобилни телефони||Добавувачи на понудите за мобилни телефони||Редовно ажурирање на содржината и состојбата на достапни мобилни телефони на своите веб страни|| ||Развивач на апликацијата||Ја развива и одржува апликацијата||Развивање на апликацијата, како и редовно преземање на содржината од продавниците|| ||Модератор||Проверка на преземената содржина||Проверка на преземените производи, корекција и дополнување на спецификациите, како и комплетно бришење или замена на истите во случај да се погрешни|| ||Главен администратор||Доделување и повлекување на пермисии за модератор||Доделување на пермисии за модератор на други корисници со цел полесно ажурирање и проверка на содржината, воедно и повлекување доколку е злоупотребена (внесување на несоодветна содржина)|| ==== 3.2 Корисничка околина Апликацијата може да се користи од различни уреди како мобилен телефон, компјутер и таблет но со пристап до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања. Времетраењето на активностите, како пребарување на специфичен модел или бренд на мобилен телефон, филтрирање и споредба на мобилни телефони е прилично кратко, односно би траело помалку од една минута. == 4.Преглед на продуктот ==== 4.1 Потреби и карактеристики ||=Потреба=||=Приоритет=||=Карактеристики=|| ||Пребарување||Задолжително||Пребарување на специфичен модел или бренд на мобилен телефон|| ||Филтрирање||Задолжително||Филтрирање според модел, бренд, како и според продавницата која го нуди|| ||Споредба||Задолжително||Споредба на два мобилни телефони|| ||Повеќејазичност||Пожелно||Опција за приказ на содржината на повеќе јазици|| ||Видео рецензија за избраниот мобилен телефон||Пожелно||Видео на детален преглед на мобилниот телефон и неговите спецификации|| == 5.Други барања/потреби ||=Барање=||=Приоритет=|| ||Електронски уред||Задолжително|| ||Пристап до интернет||Задолжително|| ||Пристап до веб прелистувач||Задолжително||