wiki:AboutProject

Version 1 (modified by 231091, 2 weeks ago) ( diff )

--

Дефинирање на проектот

Членови на тимот

Име и Презиме Индекс Улога
Милан Стојаноски 231238 Координатор
Кирил Стојановски 231091 Член

Краток опис на проектот

Веб апликација за фудбалска аналитика која агрегира и прикажува историски податоци за натпревари, тимови и играчи од повеќе лиги и сезони. Базата на податоци чува информации за натпревари, резултати, составите на тимовите, настани во натпреварот (пасови, удари, картони, замени), квоти, трансфери, договори и клупски спонзорства.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот? (кој ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис)

Базата и апликацијата се наменети за мал тим на ентузијасти или независен развивач кој сака да обезбеди бесплатна, отворена платформа за фудбалска аналитика. Сопственикот на платформата има потреба од централизирано место каде се интегрираат и прикажуваат јавно достапни фудбалски податоци од повеќе извори на конзистентен и прегледен начин.

Какви проблеми ќе решавате?

Проектот не решава некој конкретен деловен проблем. Сепак, техничкиот предизвик кој го адресира е интеграцијата на независни јавни извори на податоци со цел да се прикажат обединети прегледи на натпревари, тимови и настани.

Какви видови корисници ќе имаат пристап?

  • Администратори – го надгледуваат системот и управуваат со податоците.
  • Обични посетители – корисници кои ги разгледуваат табелите, резултатите и статистиките преку веб интерфејсот.

Во што е различен вашиот предлог од постоечките решенија?

Нашето решение е проект изграден врз јавно достапни бесплатни податоци со цел да се демонстрира процесот на дизајнирање база на податоци, интеграција на повеќе извори и изработка на функционална веб апликација. Она што го прави специфичен е токму техничкиот предизвик на спојување на повеќе независни извори без заеднички идентификатори (football-data.co.uk, StatsBomb Open Data, Transfermarkt).

Дали проектот ќе биде веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Проектот ќе биде веб апликација.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.