Changes between Version 1 and Version 2 of RelationalModel


Ignore:
Timestamp:
04/18/26 18:57:16 (2 weeks ago)
Author:
231238
Comment:

--

Legend:

Unmodified
Added
Removed
Modified
  • RelationalModel

    v1 v2  
    1 t
     1[[Image(Er.png)]]
     2
     3= Опис на Дијаграм  =
     4
     5
     6== Организација на Натпреварувањето ==
     7
     8Системот е организиран хиерархиски. На врвот се наоѓа '''Division''' која претставува одредена лига или натпреварување. Секоја дивизија содржи повеќе '''Season''' записи — по една за секоја сезона која се одиграла или е во тек. Секој '''Match''' е поврзан со сезоната во која се одиграл, двата тима кои се натпреварувале и стадионот на кој се одиграл.
     9
     10== Настани во Натпреварот ==
     11
     12Еден од централните делови на системот е следењето на настани за време на натпреварот. Секој настан ('''Event''') е поврзан со натпреварот, тимот и играчот, и содржи информација за точното време кога се случил. Типот на настанот се дефинира преку посебна табела '''Event_type''' — на пример гол, шут, пас, фаул, жолт картон и слично. На овој начин листата на типови може лесно да се проширува.
     13
     14За настани кои бараат дополнителни детали постои '''Event_attribute''' — табела која за секој настан чува произволни дополнителни информации во форма на клуч-вредност парови. На пример, за шут може да се запише дали бил во рамките на голот, а за гол со кој дел од телото бил постигнат. Ова овозможува флексибилност без потреба од додавање нови колони за секој можен сценарио.
     15
     16== Играчи, Договори и Трансфери ==
     17
     18Информациите за играчите се распределени во неколку табели со цел да се разделат биографските од деловните податоци. '''Player''' чува само основни информации, додека сè останато е во специјализирани табели.
     19
     20'''Player_contract''' ја чува целосната историја на договори — еден играч може да имал повеќе договори со различни тимови низ времето. Секој запис го покрива временскиот период на договорот и неговата финансиска вредност, што овозможува да се знае точно кој играч каде бил ангажиран и во која сезона.
     21
     22'''Transfer''' ги евидентира сите трансфери помеѓу тимови, вклучувајќи го типот на трансфер (постојан, позајмица, слободен агент) и износот на надоместокот. Комбинирано со Player_contract дава целосна слика за кариерата на еден играч.
     23
     24'''Player_valuation''' ги следи пазарните вредности на играчите по сезони. Ова не е директно поврзано со трансфер надоместоците туку претставува независна процена на вредноста, корисна за анализа на трендови низ времето.
     25
     26'''Lineup''' ги чува составите по натпревар — кој играч за кој тим настапил, на која позиција, со кој број и дали бил стартер или влегол од клупата. Оваа табела е клучна за статистичка анализа на индивидуалните перформанси по натпревар.
     27
     28