wiki:RelationalModel

Version 4 (modified by 231238, 2 weeks ago) ( diff )

--

Опис на Дијаграм

На врвот се наоѓа Division која претставува одредена лига или натпреварување. Секоја дивизија содржи повеќе Season записи — по една за секоја сезона која се одиграла или е во тек. Секој Match е поврзан со сезоната во која се одиграл, двата тима кои се натпреварувале и стадионот на кој се одиграл.

Еден од главните делови на системот е следењето на настани за време на натпреварот. Секој настан (Event) е поврзан со натпреварот, тимот и играчот, и содржи информација за точното време кога се случил. Типот на настанот се дефинира преку посебна табела Event_type — на пример гол, шут, пас, фаул, жолт картон и слично. На овој начин листата на типови може лесно да се проширува.

За настани кои бараат дополнителни детали постои Event_attribute — табела која за секој настан чува произволни дополнителни информации во форма на клуч-вредност парови. На пример, за шут може да се запише дали бил во рамките на голот, а за гол со кој дел од телото бил постигнат. Ова овозможува флексибилност без потреба од додавање нови колони за секој можен сценарио.

Информациите за играчите се распределени во неколку табели. Player чува само основни информации, додека сè останато е во специјализирани табели.

Player_contract ја чува целосната историја на договори — еден играч може да имал повеќе договори со различни тимови низ времето. Секој запис го покрива временскиот период на договорот и неговата финансиска вредност, што овозможува да се знае точно кој играч каде бил ангажиран и во која сезона.

Transfer ги евидентира сите трансфери помеѓу тимови, вклучувајќи го типот на трансфер (постојан, позајмица, слободен агент) и износот на надоместокот. Комбинирано со Player_contract дава целосна слика за кариерата на еден играч.

Player_valuation ja следи вредноста на играчите по сезони. Ова не е директно поврзано со вредноста на трансферот туку претставува независна процена, корисна за анализа на трендови низ времето.

Lineup ги чува составите по натпревар — кој играч за кој тим настапил, на која позиција, со кој број и дали бил стартер или влегол од клупата. Оваа табела е клучна за статистичка анализа на индивидуалните перформанси по натпревар.

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.