| | 223 | Процедурата make_request се повикува кога корисникот креира ново барање за превоз. Најпрво се проверува дали постои корисникот со даденото customer_id, по што се валидираат координатите за почетната и крајната локација. Дополнително се проверуваат параметрите поврзани со бројот на патници, детски седишта и багаж, при што се фрлаат соодветни исклучоци доколку некоја вредност е невалидна. Исто така, процедурата проверува дали почетната и крајната локација не се исти. Доколку сите проверки се успешни, се додава нов запис во табелата Request со статус pending, а идентификаторот на новокреираното барање се враќа преку излезниот параметар request_id. |