| | 320 | Процедурата add_waypoint се повикува кога корисникот сака да додаде попатна точка на постоечко барање за превоз. Најпрво се проверува дали постои барањето со даденото request_id, по што се валидираат координатите на waypoint-от. Дополнително се проверува дали истиот waypoint веќе е додаден за конкретното барање, при што се фрла соодветен исклучок доколку постои дупликат. Потоа се пресметува редниот број (seqno) на новиот waypoint врз основа на бројот на веќе постоечки waypoints за тоа барање. Доколку сите проверки се успешни, се додава нов запис во табелата Waypoints. |