wiki:WikiStart

Version 4 (modified by 231028, 13 days ago) ( diff )

--

Rideo

Системот Rideо е модерна и едноставна платформа преку која корисниците можат да побараат и одберат такси превоз од повеќе такси компании на една платформа. Во рамки на системот се интегрирани повеќе такси компании, што им овозможува на корисниците да пронајдат слободно возило брзо и ефикасно.

Платформата го олеснува процечот на наоѓање достапно такси возило, така што барањето првично се испраќа до преферираната компанија на корисникот, а доколку истата не направи понуда за одреден времеснски период, системот автоматски го пренасочува барањето до сите останати достапни такси компании за тој регион. Компаниите испраќаат понуди, по што на корисникот му се има флексибилност да избере која понуда најмногу му одговара.


Rideo обработува и чува податоци неопходни за функционирањето на платформата. Повеќе информации за ентитетите и релациите кои се чуваат во базата на податоци можете да прочитате во продолжение.

За корисниците во системот се чуваат податоци како што се име, презиме, email, телефонски број и датум на раѓање. Корисникот може да биде диспечер, админ, возач или патник (ентитет Customer). За патниците се чува преференца кон компанија (ентитет CustomerPreference). Возачите можат да бидат вработени во некоја од компаниите или да бидат FreelanceDriver.

За компаниите се чуваат податоци како што се име на компанија, датум на основање, таксен број, телефонски број, email, линк до веб страница. Една компанија може да покрива повеќе региони (ентитет Area), а на еден регион можат да бидат достапни повеќе компании. Секоја компанија има посебен ценовник (ентитет PricingInfo) за секој регион. Дополнително за компаниите се чува историја на вработени (ентитет EmploymentHistory).

За возилата (ентитет Vehicle) се чуваат податоци како единствен VIN број, максимален капацитет на патници, година. Дополнително има одделни ентитети за историја на сервисни проверки, модели, брендови на возила, регистрации и сопственост на возило. Се подразбира сопственик на едно возило може да биде една компанија или FreelenceDriver.

Корисникот креира барање за такси (ентитет Request). Во барањата се чува географска должина и ширина на моменталната положба на корисникот, географска должина и ширина на крајната дестинациска точка, број на возрасни патници, број на деца, време, товар (luggage), број на потребни седишта за бебе и други податоци потребни за обработка. Waypoints се локациски точки кои корисникот сака да ги измине за време на патувањето, за нив се чува географска ширина и должина и реден број.

Понудата (ентитет Offer) се однесува на едно барање. За едно барање може да има повеќе понуди. За понудите се чува статус (може да биде прифатен, комплетиран, одбиен, одложен или во чекање), време на креирање, цена, проценето време на пристигнување и други потребни податоци. Откако понудата ќе биде прифатена од страна на корисникот се креира возење (ентитет Ride).

Секој Ride има информации за наплата (ентитет Payment). Едно плаќање може да биде направено од повеќе корисници во случај на делење на сметката, поради тоа има one-to-many релација помеѓу ентитетите Payment и Customer_Payment.

Дополнително се чуваат пријави направени за време на возењето (ентитет Report), пораки разменети со корисникот пред почетокот на возењето (ентитет ChatMessage) и оценки со коментар за возењето од корисникот (ентитет Review).

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.