== Бизнис модел ReserveNGo има за цел да го револуционизира начинот на кој локалите управуваат со резервациите и менаџираат со нивните клиенти. Со постигнувањето на саканите цели, справувањето со потенцијалните ризици и искористување на придобивките, платформата може да обезбеди значителна вредност и за клиентите и за сопствениците на бизнисите. === Цели - Запознавање на локалите и потенцијалните клиенти со можностите на ReserveNGo апликацијата, за континуиран раст, преку таргетирани маркетинг кампањи. - Поставување и фаќање на водечкото место од ваков тип на апликации, нудејќи функционалности и услуги, кои ќе се разликуваат од тие на потенцијалните конкурентите. - Приход од претплатите на локалите за користење на оваа платформа, како и дополнителен приход од спонзорирано рекламирање на претплатените локали. - Собирање на вредни податоци за преференциите и однесувањата на корисниците, кои може да се користат за подобрување на функционалностите на платформата. === Предности - Брз и лесен начин за наоѓање и резервирање место во локалите. - Ажурирани информации за слободни места и брзи конфирмации на резервациите. - Зголемена видливост и поголема можност за откривање на локалот од потенцијални клиенти. - Можност за промовирање на настани од страна на локалите директно преку платформата. - Лесна регистрација и промоција на локалите. === Ризици - Поради потребата на сиситемот да биде активен и ажуриран постојано, падот на ситемот, дури и за неколку минути може да води кон огромни загуби од страна на локалите кој се претплатени на системот и зависат од неговите можности за резарвација. - Самата големина на платформата и потребата да се чуваат податоци и за корисниците и за локалите, од кои некои може да се податоци за плаќање, ќе води кон предизвикувачка и сериозна задача за одржување на безбедноста на податоците. - Потенцијална конкуренција од иднонастанати системи за резервација слични на овој. - Грешни информации за достапноста на место во локалите поради ненавремено ажурирање на податоците. - Справување со клиенти кои резервирале а не се појавиле навреме или не се појавиле воопшто. - Поради потребната интеракција од страна на вработените со ситемот, ќе се зголеми самиот праг на квалификација за работа во локалот. - Овој начин на автоматизација на резервациите е прилично нов и непознат во очите на сопствениците на бизнисите. Истите би ималесомнеж во неговата функционалност и доверливост.