= Визија == Вовед Полни локали се натрупани со телефонски повици, голем дел од времето и вниманието го даваат на правењето на резервациите, кои маси се резервирани, памтење и правење записи за истите за организација со соодветните клиенти. Додека клиентите прават еден куп телефонски повици, надевајќи се дека ќе стапат во контакт со локалот. '''ReserveNGo''' има за цел да го револуционизира начинот на кој локалите управуваат со резервациите и менаџираат со нивните клиенти. Со постигнувањето на саканите цели, справувањето со потенцијалните ризици и искористување на придобивките, платформата може да обезбеди значителна вредност и за клиентите и за сопствениците на бизнисите. == Позиционирање === Дефиниција на проблем ||'''Тема на проблем'''||||Личноста посветува премногу време, барајќи и бирајќи локал, “сурфајќи“ по интернетот.|| ||'''Кого засега'''||||Локалите и нивните клиенти.|| ||'''Со последици како'''||||Беспотребно трошење време на клиентите и создавање на нервоза. Пропуштени можности за потенцијални клиенти од локалите, односно недоволна видливост на пазарот.|| ||'''Успешно решение би било'''||||Централизирана веб платформа која ги прикажува сите релевантни информации за локалите. Овозможување на лесно и брзо пребарување и филтрирање.|| \\ ||'''Тема на проблем'''||||Лесен начин за резервација без потреба од правење на телефонски повици на клиентите, обидувајќи се да стапат во контакт со локалот.|| ||'''Кого засега'''||||Локалите и нивните клиенти.|| ||'''Со последици како'''||||Зголемување на товарот на вработените во локалите посветувајќи време одговарајќи на телефонски повици, органзириање и правење на записи за резервациите. Изгубено време во правење на куп телефонски повици, без сигурност дека тие ќе стапат во контакт и ќе ја направат посакуваната резервација.|| ||'''Успешно решение би било'''||||Централизирана веб платформа која овозможува ефикасен начин на резервација.|| === Позиционирање на пазарот ||'''За'''||||Потенцијални клиенти во локалите.|| ||'''Кои'''||||Локали кои сакаат да ги оптимизираат своите резервации и клиенти кои сакаат ефикасно да резервираат во соодветниот локал.|| ||'''Reserve_N_Go'''||||Веб базирана апликација/платформа.|| ||'''Која овозможува'''||||Брзо и лесно пребарување, филтрирање и резервирање во одбраниот локал, како и менаџирање со своите резервации.|| ||'''За разлика од'''||||Од tripadvisor.com, google.com, кои нудат не сигурни, не валидирани и “real time” ажурирани податоци за клиентите, како и опцијата за лесна и брза резервација преку само неколку кликови.|| ||'''Нашиот продукт'''||||ReserveNGo e 24/7 достапен и навремено ажуриран. Нуди интуитивен интерфејс кој овозможува лесно снаоѓање и учење на функционалностите на апликацијата.|| \\ ||'''За'''||||Локалите.|| ||'''Кои'''||||Локали кои сакаат лесно да се рекламираат и да ги направат нивните информациите лесно достапни за потенцијалните клиенти, и кои исто така сакаат да го подобрат и направат поефикасен процесот на правење резрвации.|| ||'''Reserve_N_Go'''||||Веб базирана апликација/платформа.|| ||'''Која овозможува'''||||Лесно и ефективно рекламирање, управување со резервации, и зголемување на ефикасноста на процесите поврзани со резервации.|| ||'''За разлика од'''||||Од други веб апликации/платформи, како rezerviraj.mk, која не нуди навремено и постојано ажурирање на своите функционалности, редовно ажурирање на инфорамциите за локалите, како и брз, ефикасен, автоматизиран процес на резервација преку само неколку кликови.|| ||'''Нашиот продукт'''||||Овозможува централизирано рекламирање, автоматско управување со резервации и интуитивен интерфејс кој овозможува брзо учење на функционалностите на апликацијата.|| == Опис на засегнати страни === Преглед на засегнати лица ||'''Име'''||||'''Опис'''||||'''Одговорности'''|| ||Обичен клиент||||Корисник на веб апликацијата||||Преглед на достапни локали, преглед на инфорамации и бирање на локал за резервација.|| ||Локал||||Корисник на веб апликацијата||||Регистрација локалот и ажурирање на соодветните инфорамции за него.|| ||Администратор||||Лице со административен пристап до веб апликацијата||||Автенцикација и верификација на локалите преку стапување во контакт со нив.|| ||Развивач на апликацијата||||Лице со технички познавања/вештини||||Развивање, одржување на системот|| === Корисничка околина Веб апликација е со едноставен “user friendly” интерфејс. Лицата кои имаат пристап до интернет и соодветен веб прелистувач, ќе можат да пристапат до неа преку било кој уред (мобилен телефон, лаптоп или компјутер). Апликацијата ќе опслужува два вида на корисници: обични клиенти и локали. == Преглед на продуктот === Потреби и карактеристики ||'''Потреба'''||||'''Приоритет'''||||'''Карактеристики'''|| ||Регистрација/најава на локалот||||Задолжително||||Регистрација и најава на локалот|| ||Регистрација/најава на корисник како обичен клиент||||Задолжително||||Регистрација и најава на обичен корисник|| ||Ажурирање на податоци за локалот||||Задолжително||||Локалот мора редовно да ги ажурира своите податоци при секоја интерна промена|| ||Ажурирање на лични податоци за корисникот како обичен клиент||||Задолжително||||Корисникот најавен како клиент би требало да ги ажурира личните податоците|| ||Поставување на план за распоред на маси од локалот||||Задолжително||||Локалот, мора да постави едноставна репрезентација на изгледот на неговиот локал, односно (“Blueprint”) распоред на маси|| ||Резервација на маса во локалот||||Возможно||||Корисникот може да ги погледне слободните маси во локалот и да направи соодветна резервација за посакуваната маса|| ||Пребарување и филтрирање на локали||||Возможно||||Можност за пребарување и филтрирање на локали по различни критериуми (локација, рејтинг, близина…)|| ||Зачувување на омилени локали||||Возможно||||Корисниците можат да ги зачуваат во посебна листа своите омилени локали|| ||Преглед на резервации на обичните корисници||||Пожелно||||Корисиниците може да прават преглед на направените резрервации|| ||Управување со настани, специјални понуди и рекламирање од локалот||||Пожелно||||Локалот може да објавува настани и специјални понуди кои се видливи за корисниците|| ||Интерактивна мапа||||Возможно||||Интерактивна мапа која покажува локали во близина на корисникот|| ||Поддршка за повеќе јазици||||Возможно||||Платформата да биде достапна на повеќе јазици за да биде корисна за поширока публика|| ||Потврда за успешна резервација преку SMS или E-mail||||Пожелно||||Системот преку соодветен сервис праќа пораки или маилови до корисникот|| ||Фидбек механизам||||Пожелно||||Рејтиниг механизам помеѓу обичин корисници и локали|| == Други барања ||'''Барање'''||||'''Приоритет'''|| ||Уред (лаптоп, компјутер, мобилен телефон)||||Задолжително|| ||Пристап до интернет ||||Задолжително|| ||Пристап до веб прелистувач ||||Задолжително||