= Документација == Build Instructions === Backend 1. Најпрвин потребно е да имате инсталирано **Java 11** (не сум сигурен за компатибилност со поновите верзии, иако би требало да функционира); 2. Следно, потребно е да го клонирате проектот од git репозиториумот и да го отворите со **Intellij IDEA**, кој што автоматски ке ги превземе сите потребни зависности и надворешни библиотеки со помош на кои функционира апликацијата. Ова може да го видите во долниот десен агол налик на -> **Indexing dependencies**; 3. Додека да заврши горенаведениот процес, стартувајте ја тунел скриптата (која се наоѓа на курсот), со помош на која ќе се поврзе апликацијата со базата на податоци; 4. Откако ке заврши процесот на превземање на зависностите може да ја стартувате апликaцијата oдејќи на опцијата за **Run или Debug** над фајлот **RebuApplication.java** кој се наоѓа во пакетот src.main.java.com.example.uber; 5. Во конзолата би требало да го добиете сличен output како дадениот во последната линија: Started RebuApplication in 5.715 seconds (JVM running for 6.512) 6. Со ова се осигурувате дека се е во ред со стартувањето на backend апликацијата и може да **продолжите** кон frontend делот. === Frontend 1. Симнете и инсталирајте **node.js** од https://nodejs.org/en/download/ ; Со ова ке го инсталирате и **npm package mаnager** кој што ни е потребен. 2. Клонирајте го frontend проектот од git репозиториумот; 3. Отворете **терминал** во клонираниот проект и извршете ја командата: **'npm install'** 4. Откако ке се извршат потребните инсталации, во истиот терминал извршете ја командата: **'npm start'** 5. Ова би требало автоматски да го покрене вашиот default пребарувач и да ја отвори апликацијата на http://localhost:3000/ ;Доколку тоа не се случи стартувајте веб пребарувач и внесете ја мануелно адресата во него (http://localhost:3000/)