wiki:BusinessCase

Бизнис случај

Главни предности и недостатоци

Една од главните предности на оваа апликација е што овозможува на секој да го огласи својот автомобил. Исто така на корисниците им нуди можност да ги видат коментарите и предходните искуства со нашата апликација и со новиот начин на изнајмување на автомобили. Достапна на сите платформи, брза е и едноставна за користење од страна на корисниците. Го модернизира начинот на изнајмување на возила. Додека главни недостатоци на оваа апликација се тоа што не може да се користи без да бидете поврзани на интернет. Исто така и додевните реклами кои некогаш може да ви пречат.

Причини за креирање и бизнис можности

Земајки во предвид дека во нашата земја не е доволно развиена оваа индустрија, најдовме можност да влеземе во неа без притоа да креираме конкуренција за нас. Имено овозможуваме секој да огласи автомобил и/или превозно средство почнувајки од компаниите за изнајмување на автомобили до било кое физичко лице. Се стремиме да бидеме централното место од каде што ќе може да изнајмувате автомобили и/или превозни средства.

Ризици

Иако немаме директна конкуренција, ако не сме добро прифатени на пазарот од страна на компаниите што изнајмуваат, од физичките лица кои би огласувале и изнајмувале не го прифатат овој нов начин на изнајмување на автомобили лесно би пропаднале.

Last modified 2 months ago Last modified on Jun 17, 2020, 5:16:43 PM
Note: See TracWiki for help on using the wiki.