wiki:UseCaseScenarios

Use Case сценарија

Преглед

Во овој дел се покриваат сите сценарија од претходно дефинираните активности на нашата веб апликација.Може да ги погледнете во UseCaseList.

Следува Use Case Дијаграмот со цел за по-визуелна претстава на апликацијата :

Документација / Објаснување

Активност :

  • Регистрација

Сценарија (ентитет Корисник):

  1. Успешнa регистрација

(Лицето пристапува до нашиот веб сајт.Бидејќи е нов корисник тој нема одредено корисничко име и лозинка со цел да му се овозможи логирање.)

Со оваа активност тој внесува податоци за него (Име,Презиме,Е-маил адреса,Корисничко име,Лозинка,Телефон,Град,Земја) првично, а подоцна има опција да одбере дека ќе се смета за Корисник.Кликнува на копчето за регистрација и добива повратен одговор дека регистрацијата е успешна.

  1. Неуспешна регистрација

Лицето пристапува до нашиот веб сајт и доколку внесе Е-маил адреса и Корисничко име кое е веќе внесено и е постоечко,тој ќе биде известен дека наведените податоци се дупликати и треба да ги замени со нови.

Доколку се обиде да се регистрира со не-пополнети полиња повторно ќе биде известен.

Сценарија (ентитет Изнајмувач):

  1. Успешнa регистрација

(Лицето пристапува до нашиот веб сајт.Бидејќи е нов корисник тој нема одредено корисничко име и лозинка со цел да му се овозможи логирање.)

Со оваа активност тој внесува податоци за него (Име,Презиме,Е-маил адреса,Корисничко име,Лозинка,Телефон,Град,Земја) првично, а подоцна има опција да одбере дали ќе се смета за Изнајмувач.Кликнува на копчето за регистрација и добива повратен одговор дека регистрацијата е успешна. По овој чекор ќе треба да внесе податоци за неговиот автомобил(Марка,Година,Слика од возилото,Цена за изнајмување,Дали е Пушач,поле со некои коментари кои сака да ги додаде околу изнајмувањето).

  1. Неуспешна регистрација

Лицето пристапува до нашиот веб сајт и доколку внесе Е-маил адреса и Корисничко име кое е веќе внесено и е постоечко,тој ќе биде известен дека наведените податоци се дупликати и треба да ги замени со нови.

Доколку се обиде да се регистрира со не-пополнети полиња повторно ќе биде известен.

Активност :

  • Логирање

Сценарија (ентитет Корисник / Изнајмувач):

  1. Успешно логирање

Лицето го пристапува сајтот и ги внесува своето корисничко име и лозинка.Кликнува на копчето за логирање и со успешна валидација тој влегува на сајтот под неговиот профил.

  1. Неуспешна логирање

Лицето пристапува до нашиот веб сајт и доколку внесе корисничко име или лозинка кои се погрешни или не се совпаѓаат со никој од профилите, тој ќе биде извесен дека има грешно корисничко име или лозинка.

Активност :

  • Изнајмување на возило

Сценарија (ентитет Корисник):

  1. Успешно изнајмување на возило

Корисникот веќе логиран на својот профил одлучува кое возило сака да го изнајми и кликнува на него.Со самото избирање му се прикажуваат информации за возилото каде одлучува да го изнајми и внесува колку време сака да го изнајми.Кликнува на копчето за изнајмување.Внесува број на картичка,CVV,датум на истекување со цел да може да се процесира наплатата од страна на банката.

  1. Неуспешна изнајмување на возило

Корисникот веќе логиран на својот профил одлучува кое возило сака да го изнајми и кликнува на него.Со самото избирање му се прикажуваат информации за возилото доколку не се одлучи за него се враќа на првичната листа.

Доколку се одлучи за него и го остави полето за бројот на денови за кои сака да го изнајми ќе биде известен.Нареден чекор е доколку нема доволно средства и банката врати негативен повратен одговор изнајмувањето ќе стои дека е Terminated.

Активност :

  • Внесување на ново возило

Сценарија (ентитет Изнајмувач):

  1. Успешно внесување на возило

Корисникот веќе логиран на својот профил сака да додаде возило кликува на копчето за додавање.Следен чекор е внесување на податоци за возилото кое сака да го внесе.Откако ќе заврши со внес на податоци тој кликнува за успешен внес на новото возило под неговиот профил.На крај добива повратна информација дека внесот на новото возио е успешен.

  1. Неуспешно внесување на возило

Корисникот веќе логиран на својот профил сака да додаде возило кликува на копчето за додавање.Следен чекор е внесување на податоци за возилото кое сака да го внесе.Доколку не ги пополни сите барани полиња тој ќе биде известен за нив.Кликнува за внес на возилото под неговиот профил но се случува грешка при внесот, тој повторно ќе биде известен дека внесот е неуспешен и дека треба да го повтори.

Заклучок

Табелата / Списокот наведен погоре е подложен на измени.Тоа значи во зависност од можностите кои би ги додале подоцна на нашата веб апликација би додавале нови случаеви на користење, со тоа и нови сценарија а доколку некои можности се оневозможени и нивните сценарија ќе бидат отстранети.

Last modified 2 months ago Last modified on Jun 17, 2020, 8:27:59 PM

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.