wiki:Vision

Визија на проектот

Вовед

Технологијата е погодна и ефикасна, таа ни помага да живееме поудобно, дозволувајќи ни да направиме повеќе со помалку напор.Секојдневно се развиваат нови апликации преку кои се повеќе и повеќе ни се олеснува животот и ни се разликува од порано. Модерната технологија стана многу по корисна и присутна во нашите животи во толку многу начини, па со тоа и изнајмувањето на автомобили стана многу по лесно и достапно за секој. Традиционалниот начин на изнајмување ви дозволува да изнајмите автомобил само преку компанија, а овој начин овозможува приватни лица да ги огласат за изнајмување сопствените автомобили.

Позиционирање

Проблематика

Проблемот на стариот начин на изнајмување на автомобили
ги засега изнајмувачите и компаниите што издаваат
со следните последици многу е бавно и трошковите се многу по големи
успешно решение би било модернизација и поедноставување на процесот на изнајмување на автомобил

Позиционирање

За групата корисници кои имаат потреба од изнајмување на автомобил
RentMyRide е платформа за огласување и изнајмување на автомобили
Која овозможува пристап до сите автомобили кои се огласени почнувајки од компаниите за изнајмување на автомобили до било кое физичко лице
За разлика од стариот начин на изнајмување
RentMyRide е подобро решение бидејќи тие што сакаат да огласат автомобил и/или да изнајмат можат да го направат тоа на брз и едноставен начин

Засегнати - Описи

Преглед на сите засегнати

Име Опис Одговорности
Огласувач Корисници на услугите кои можат да бидат приватно лице или компанија што огласуваат автомобили Да не поставуваат лажни објави, да направат огласи каде видно се гледа автомобилот и да одредат цена на изнајмување по ден
Изнајмувач Корисници на услугите кои изнајмуваат автомобили Немаат никаква одговорност, тие се само корисници на апликацијата

Кориснички интерфејс

Оваа апликација ќе можат да ја користат сите лица, таа ќе биде доста брза и едноставна за користење. Корисничката околина ќе се содржи од два интерфејси, еден наменет за изнајмувач, а друг за огласувач. Оваа подлога е направена за поделба и организација на апликацијата. Апликацијата ќе биде целосно респонзивна ќе работи на сите прелистувачи без разлика на оперативниот систем.

Преглед

Потреби и карактеристики

Потреба Приоритет Карактеристики
Информации за огласените автомобили Задолжително Детални информации околу автомобилот вклучувајки ја неговата состојба
Можност за повратни информации на огласите Задолжително Споделување на искуство поврзано со дадената објава
Пријавување на оглас Потребно Можност да се пријави оглас и/или огласувач за поставување на лажни информации
Last modified 2 months ago Last modified on Jun 16, 2020, 10:59:21 PM
Note: See TracWiki for help on using the wiki.