| 1 | == За проектот |
| 2 | |
| 3 | === Краток опис на проектот |
| 4 | |
| 5 | Проектот претставува современа онлајн платформа за брзо резервирање на маси во ресторани, барови и кафани, која ги обединува сите потребни информации за локалите на едно место. Ова решение им помага на клиентите полесно да одберат локација и да резервираат без потреба од телефонски јавувања, а истовремено ги рекламира помалку познатите локали и го олеснува нивното управување. |
| 6 | |
| 7 | === Детален опис на проектот |
| 8 | |
| 9 | '''За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?''' |
| 10 | |
| 11 | Проектот е наменет за компании, организации, или сопственици на ресторани, барови и кафани, кои би ја поседувале базата на податоци и апликацијата. Тие ќе ја обезбедуваат како сервис и ќе ја одржуваат платформата. Нивните потреби вклучуваат подобрување на процесот на управување со резервации, зголемување на видливоста на локалот, и привлекување нови клиенти преку дигитализација. |
| 12 | |
| 13 | '''Какви проблеми ќе решава проектот?''' |
| 14 | |
| 15 | *Намалување на времето и ресурсите потребни за управување со резервации. |
| 16 | *Подобрување на видливоста и маркетингот на помалите локали. |
| 17 | *Елиминирање на телефонските грешки и недоразбирања. |
| 18 | *Овозможување полесен пристап за туристите и клиентите кои преферираат дигитални решенија. |