= Relational Model: !SkyBound Airlines == Релационен дијаграм [[Image(airline_schema_vp-2.svg)]] == Објаснување на ентитети и релации - Employee - општи податоци за вработените во авиокомпанијата. - !AirlineEmployeе, !AirportEmployee - !AirlineEmployee претставува вработен кои работи во авиокомпанијата, но не на фиксно одредена локација (Pilot, !FlightAttendant), додека пак !AirportEmployee претставува вработен во авиокомпанијата кој работи на конкретен аеродром (!BaggageHandler, !TicketAgent, Mechanic). Овие два енитета наследуваат од главниот ентитет Employee. Тие се дисјунктни односно еден Employee не може истовремено да биде !AirlineEmployee и !AirportEmployee. - Slot - во него се чуваат времето како и Gate (преку него може да се одредат и Terminal и Airport) и Runway. Претставува временски слот кој го има купено авиокомпанијата на одреден аеродром и може да го употребува секоја недела на дефинираниот ден и час. - !ScheduledFlight - претставува закажан лет кој се повторува секоја недела. Во него е одреден посебен слот за полетување како и за слетување преку кои може да се открие времето и аеродромот од кој ќе полета и слета авионот. - Flight - претставува инстанца од !ScheduledFlight односно е одржан лет. За него се чуваат Departure, Arrival (timestamps) кои претставуваат вистинското време на полетување и слетување (слотовите се дефинирани на 30 минути - летот не мора да полета / слета точно во истата минута во која е дефиниран слотот). !ActualArrivalSlot, !ActualDepartureSlot, !ActualDepartureGate, !ActualDepartureSlot (се употребуваат во случај кога некој лет доцни и е потребно да полета / слета на различна писта во различно време и да се паркира на различна порта). - Reservation - со една резервација може да се купат повеќе различни карти (пример доколку повеќе члено семејство купува авионски карти доволно е само еден член да ги купи за сите односно да направи една резервација). - !SeatConfiguration - претставува мапа на сите седишта на одреден модел на авион. - Seat - претставува конкретна инстанца на одредено седиште на специфичен лет. Се употребува да се знае дали одредено седиште е резервирано или не при издавање на билетите од страна на авиокомпанијата. - !CanceledFlight - иако во ентитетот Flight се чува статус, потребно е да постои и овој дополнителен ентитет за одредени аналитики на авиокомпанијата (причина за откажување на летот како и време кога бил откажан што е доста важно при оценување на работата на компанијата). - Meal - оброк кој го служи авиокомпанијата. - !ServedMeals - го чува квантитетот на оброците кои се служат на конкретен лет, како и бројот на послужени оброци (важна статистика при идно снабдување на летовите). - !MealRequest - доколку некој патник има специфично барање за оброк (вегетаријански, вегански и слично) треба да се земе во предвид кој патник го поднел барањето и на кое седиште треба да се послужи оброкот (Ticket). - Language во !FlightAttendatnt - за стујардесите се чуваат конкретно примарен и секундарен јазик. Ова овозможува на летовите да работи екипаж што најдобро го знае јазикот (да е мајчин јазик или да е странски јазик кој најдобро го познава). Ова е вака моделирано со цел авиокомпанијата да знае како да го распореди екипажот, и да се избегне лоша комуникација помеѓу екипажот и патниците. - !FlightCertification - сертификат за тоа кој !AirlineEmployee (пилот / стујардеса) може да работи на кој тип авион. - !RepairCertification - сертификат за тоа кој Mechanic може да работи на кој тип авион. - !RecommendedAirplaneModel - кој модел на авион е препорачан за кои летови. Доколку се лета до некоја помалку популарна дестинација или помала дистанца потребно е да се користи помал тип на авион, додека пак кај популарни дестинации или поголеми дистанци, поголем авион. - !BaggageStatus - во кое време на кој аеродром се наога одреден багаж. Се употребува доколку багажот е изгубен или пратен на погрешна дестинација.